Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украина ги повика членките на ОН да побараат од Русија продолжување на учеството во Договорот за жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украина ги повика членките на ОН да побараат од Русија продолжување на учеството во Договорот за жито
Агровести

Украина ги повика членките на ОН да побараат од Русија продолжување на учеството во Договорот за жито

Објавено 20/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Украина ги повика сите земји членки на ОН одлучно да побараат Русија да продолжи да учествува во меѓународниот договор за житото и да ги прекине „Игрите на глад“.

„Ниту една земја во светот нема право да ја уништи глобалната безбедност на храната. Резултатот ќе биде повторно зголемување на цените“, се наведува во денешното соопштение на Амбасадата на Украина во Њујорк. Во соопштението се нагласува дека Украина останува лојална на своите обврски и потсетува дека Иницијативата за црноморско жито се состои од два договори, едниот потпишан меѓу ОН, Турција и Русија, а другиот меѓу ОН, Турција и Украина.

Русија го прекрши својот дел од договорот со ОН и Турција. Украинскиот дел од договорот останува на сила, се додава во соопштението.

Во соопштението се наведува и дека Украина веќе испратила официјални писма до претседателот на Турција и до генералниот секретар на ОН со предлог за продолжување на Црноморската иницијатива за жито или нејзиниот аналог во трипартитен формат.

„Можеме да постигнеме глобална безбедност на храната дури и без Русија, доколку Москва одлучи да прибегне кон уцена… Нема да дозволиме Русија да ја користи храната како оружје, а за тоа треба да заземеме цврст заеднички став“, додава амбасадата.

Во соопштението се наведува дека „Украина, ОН и Турција заедно можат да обезбедат функционирање на коридорите за храна и инспекција на бродовите“ и ги повикува сите земји членки на ОН „да ги поддржат овие напори и да обезбедат заштита на животот – не само во Украина, туку и во целиот свет – од Мароко до Кина, од Индонезија до Либан“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договор за житоОбединети нациирусија
Претходен напис Минатата година ЕУ вложила 69 милијарди евра за заштита на животната средина
Следен напис Карела или горчлива диња – лесно се одгледува, а содржи многу витамини и минерали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?