Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Карела или горчлива диња – лесно се одгледува, а содржи многу витамини и минерали
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Карела или горчлива диња – лесно се одгледува, а содржи многу витамини и минерали
АгровестиРастително производство

Карела или горчлива диња – лесно се одгледува, а содржи многу витамини и минерали

Објавено 20/07/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Карела, момордика или горчлива диња (лат. Momordica charantia L.) е растение кое дава плод сличен на краставицата, со рапава површина и исклучително горчлив вкус. Потекнува од Индија, од каде што е раширена низ целиот свет.

Одгледување

Горчливата диња е зелјесто растение од семејството тикви, а нејзиниот плод наликува на краставица. Растението има разгрането стебло со поединечни листови и жолти цветови, истакнуваат авторите на агрономскиот портал Nature and Plants.

Горчливата диња обично успева во тропските области на Азија, Африка и Јужна Америка, а во Европа е донесена во 18 век. Растението брзо расте и цвета во летните месеци.

Освен плодот, може да се користат лисјата, цветовите и семето богато со масло.

За сеидба, односно садење, изберете сончеви и добро дренирани позиции. Постојат бројни сорти на горчлива диња, со долги или кратки плодови. Сортите со мали плодови имаат плодови со должина од 10 до 20 см. Плодовите од овие сорти се посветли по боја и имаат поблаг вкус. Сортите со долги плодови имаат плодови од 30 до 60 см и поизразен вкус на горчина. Најголема горчина ја карактеризираат сортите кои имаат темни плодови, долги 9 до 12 см и во форма на триаголник.

Во Индија се смета за зеленчук кој најлесно се одгледува. Во оптимални услови, рти и никнува за 10 до 15 дена. За да се забрза ртењето, семките може да се навлажнуваат како семките од тиквички и диња. Кога се сее во саксии, најдобро е да се посеат две семки на длабочина од 1 см. Младите растенија се пресадуваат кога ќе достигнат висина од 5 до 10 см. Растенијата се садат на растојание од 50 см.

Горчината се отстранува со сол

Плодовите имаат исклучително горчлив вкус. Во зависност од сортата, може да се берат кога се долги најмалку 5 см. Бербата обично започнува 90 дена по сеидбата.

Плодот се користи во гастрономијата кога е млад и зелен. Може да се јаде додека не почне да пожолтува.

Поради својата екстремна горчина, се третира како модар патлиџан, со маринирање во сол. Најчесто се приготвува како полнет со разновидна храна.

Собраните плодови се чуваат на температура од 11 до 12°C во просторија со зголемена влажност. Во овие услови, тие можат да се чуваат две до три недели. На собна температура, по еден до два дена, плодот ги губи својствата.

Хранливи и лековити својства

Карелата содржи многу малку калории, но многу витамини и минерали и бројни материи кои благотворно делуваат на здравјето и имунитетот.

Експертите од здравствениот портал Healthline го истакнуваат нутритивниот состав на горчливата диња.

Во 94 грама има:

-20 калории,
-4 грама јаглени хидрати, од кои 2 грама влакна,
-93% од препорачаната дневна доза на витамин Ц,
-44% од препорачаната дневна доза на витамин А,
-17% од препорачаниот дневен внес на фолна киселина,
-8% од препорачаниот дневен внес на калиум, 5% цинк и 4% железо.

Горчливата диња содржи и активни растителни соединенија кои делуваат како антиоксиданти. Преглед на овие соединенија е претставен во научен труд објавен во Journal of Lipids.

Карелата е позната по своето лековито дејство:

-може да ја намали концентрацијата на гликоза во крвта,
-може да ја намали концентрацијата на вкупните триглицериди во крвта и „лошиот“ холестерол,
-ги штити клетките од штетните ефекти на слободните радикали,
-го подобрува варењето поради процентот на диетални влакна кои ја стимулираат работата на цревните мускули.

Во Африка и Азија се користи во третмани за рак и ХИВ. Заштитува од маларија, вирусни заболувања, помага при слабеење, лекување изгореници.

Иако горчливата диња традиционално се користи за многу здравствени проблеми, не се направени многу истражувања на луѓето за целосно да се докаже нејзината лековитост.

Бремените жени, доилките и луѓето кои земаат лекови за намалување на нивото на шеќер во крвта треба да се консултираат со лекар пред да консумираат горчлива диња.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:горчлива дињакарела
Претходен напис Украина ги повика членките на ОН да побараат од Русија продолжување на учеството во Договорот за жито
Следен напис Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?