Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Украдени шишиња вино вредни еден милион евра, некои биле постари од 200 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Украдени шишиња вино вредни еден милион евра, некои биле постари од 200 години
Агровести

Украдени шишиња вино вредни еден милион евра, некои биле постари од 200 години

Објавено 16/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Двајца крадци украле 45 шишиња вино вредни повеќе од еден милион евра, меѓу кои и шише старо 215 години вредно неверојатни 350.000 евра, пишува Декантер. Кражбата се случила во луксузниот хотелско-ресторански комплекс „Атрио“ на југозападот на Шпанија во градот Касерес.

Според Хозе Полу, еден од сопствениците, сето тоа се случило доцна во ноќта, околу една и пол часот по полноќ. Јавноста не е изненадена што крадците го избрале ова место бидејќи се работи за угостителски објект со две Мишелин ѕвезди, во чии рамки има визба со повеќе од 40 илјади шишиња. Меѓу нив биле украдени и 10 шишиња Château D’Yquem од бербите од 1806,1883,1884,1891,1899, 1900 и 1901 година.

„Крадците се професионалци, точно знаеле што прават. Знаеле како да ги скршат магнетните брави на вратите од визбата“, изјави сопственикот за AP news. Открил дека вкупната вредност на украдените вина е околу еден милион евра, а се работи за реколти од 1806 до 2012 година.

Осомничениот маж и жена зборувале англиски и оставиле впечаток на многу префинет пар. Жената била на возраст од четириесет години, користела швајцарски пасош и носела перика, била придружувана од маж, кој го извршил грабежот. Доцна вечерта се јавиле на рецепција и побарале храна во собата. Грабежот се случил додека рецепционерот околу 01.30 часот правел салата и десерт за парот. Кога рецепционерот отишол во кујната, оставајќи го просторот без надзор, човекот се симнал во подрумот и ги украл шишињата, што подоцна можело да се види на снимката од безбедносната камера.

Каде ќе заврши виното?

Парот се одјавил од хотелот во раните утрински часови, ги платил трошоците за сместување со кредитна картичка, па го напуштиле местото со 45 шишиња скапоцени вина. Оваа информација за многумина е чудна бидејќи сепак е голема количина, и како е можно никој да не забележи.

Винскиот подрум во хотелот „Атрио“/Фото: restauranteatrio.com

Полу смета дека парот работи за приватен колекционер бидејќи земале само шишиња кои не можат да се заменат или да се продаваат на отворен пазар.

„Тие се препознатливи, Château d’Yquem од 1806 година е уникатен, сите знаат дека е наш“, рече сопственикот, додавајќи дека на пазарот би забележале дека е ставен на продажба.

„Како и уметноста, виното се поврзува со задоволство и луксуз и понекогаш може да достигне ирационални цени“, вели Давид Ремартинез, критичар и новинар. Тој додаде дека тие шишиња не можат да се продаваат јавно, но дека сѐ уште постои скриен пазар за нивна размена. Ги предупреди останатите колекционери дека поради оваа кражба треба да внимаваат и да ги зголемат мерките за безбедност во нивните подруми.

Некои веруваат дека измамниците би можеле да го додадат украдениот предмет во поголема колекција што се продава, па нивното потекло да го скријат меѓу другите слични шишиња и сето тоа да го поткрепат со фалсификувани документи.

„Не ни ги зедоа само вината, туку и нашите соништа“, вели Полу.

Шпанската форензичка полиција од Мадрид заедно со локалната управа го истражуваат злосторството.

Хотел „Атрио“/Фото: restauranteatrio.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винокражба
Претходен напис Скакулците вклучени во листата на храна за луѓето, можно е да биде додаден и штурецот
Следен напис Рекордни цени на маслодајната репка во светот – Еден тон поскап од 700 евра!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?