Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава
Агровести

УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава

Објавено 25/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално потпиша Меморандум за соработка со швајцарскиот проект Образование за вработување (E4E@mk) и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (IME) кој има за цел да ги унапреди можностите за студентите преку практична работа во компании, интегрирајќи ја како составен дел од студиските програми.

Како што информираат од УКИМ, соработката е резултат на заедничка визија за поконкурентно и релевантно образование кое ги поврзува студентите со реалниот сектор.

Oваа иницијатива се заснова на два клучни столба и тоа унапредување на соработката помеѓу приватниот сектор и образовните институции. Овој партнерски однос се фокусира на обезбедување практична настава за студентите, што им овозможува да го надополнат теоретското знаење со вештини од реалниот свет, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот.    

Вториот столб е вклучување на приватниот сектор во развојот на студиските програми. Земајќи ги предвид актуелните потреби на компаниите во однос на знаењето, вештините и компетенциите што се бараат во нивните сектори, оваа соработка, велат, гарантира дека студиските програми ќе бидат усогласени со индустриските барања. 

-Овој модел се надоврзува на успешното искуство со дуалното образование во средните стручни училишта, каде што соработката со компаниите веќе покажува конкретни резултати. Сега, фокусот се проширува и на академските институции, со цел да се обезбеди поддршка за креирање на нови генерации на млади професионалци со практични вештини и реална подготовка за вработување, нагласуваат потписниците на Меморандумот.

На настанот биле презентирани конкретни примери на успешна соработка помеѓу факултетите и компаниите. особено биле истакнати иницијативите на Технолошко-металуршкиот факултет со Макстил, како и Факултетот за земјоделски науки и храна со компанијата Агро Јуником, кои веќе започнаа со реализација на практичната обука за студенти.

Преку оваа соработка, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, велат оттаму, прави силен исчекор кон модернизација на високото образование и негово усогласување со потребите на современиот пазар на труд. Иницијативата е отворена за вклучување на уште повеќе факултети и компании низ земјата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнис секторотнаставапоквалитетнаУКИМ
Претходен напис Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
Следен напис ФИТР ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан: Поттик за соработка помеѓу академијата и бизнисот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?