Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан: Поттик за соработка помеѓу академијата и бизнисот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан: Поттик за соработка помеѓу академијата и бизнисот
Агровести

ФИТР ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан: Поттик за соработка помеѓу академијата и бизнисот

Објавено 25/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денеска на свечена церемонија ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан, со кои се поддржуваат 20 научно истражувачки проекти. Со овој настан се одбележа важноста од стратешката соработка помеѓу академскиот и бизнис секторот, како движечката сила на одржливи иновации, долгорочна национална конкурентност, клучен дел од Стратегијата за паметна специјализација, информираат од ФИТР.

Во рамки на повикот биле поднесени 35 проектни апликации, од кои 20 се добитници на иновациски ваучери.

Вредноста на еден ваучер изнесува до 8.000 евра без ДДВ, а покрива до 80 отсто од трошоците за услуги од високообразовни и истражувачки институции. Овие средства ќе се користат за развој на нови или подобрување на постоечките производи, процеси или услуги, доказ за концепт, физибилити студија, производство на лабараториски и демонстративни прототипови, различни видови тестови, валидизација на технологијата, развој и воведување на специјален софтвер за производ или процес, како и за ИПР и трансфер на технологија.

-Ваучерите не се само финансиски инструмент – туку мост кој ги поврзува идеите со практичната примена, науката со пазарот, и визијата со резултатите. Со вакви мерки настојуваме да креираме екосистем во кој се поттикнува научно-истражувачката дејност и екосистем во кој секоја нова идеја ја добива потребната поддршка за да прерасне во успех, изјавил Никола Додов, в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што појаснуваат од ФИТР, од вкупно 20 поддржани проекти, дури 40 чинители од различни економии на Западен Балкан се дел од нив, со што се поттикнува и прекуграничната соработка во регионот.

Поддржаните проекти се насочени кон клучни приоритети, како: зелена и дигитална трансформација, здравство и развој на конкурентен и одржлив Западен Балкан. Следните девет месеци ќе бидат клучни за реализација на активностите и демонстрација на резултати што ќе придонесат кон економско и технолошко унапредување.

Повикот се спроведува во рамките на европскиот проект „Policy Answers“, во кој ФИТР ја доби главната улога во пилотирање на мерките за поддршка на истражување, развој и иновации во сите економии на Западен Балкан. Проектот има цел да ја зајакне соработката помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во области како образование, иновации, истражување и млади.

Фондот за иновации и технолошки развој најави и зголемени вложувања во иновациски активности во текот на 2025 година, со цел создавање на стабилен екосистем каде науката и претприемништвото напредуваат заедно.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ваучеритеЗападен БалканиновацииФИТР
Претходен напис УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава
Следен напис Трипуновски: Денеска на дистрибутерите и советници им доделивме лиценци кои што ги стекнаа по испитот од областа на фитофармација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?