Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП започна да го исплаќа повратот на ДДВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП започна да го исплаќа повратот на ДДВ
Агровести

УЈП започна да го исплаќа повратот на ДДВ

Објавено 06/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи ја започна исплатата на повратот на ДДВ кај физичките лица за скенираните фискални сметки во последниот квартал од 2020. Се враќаат парите за скениратени сметки во октомври, ноември и декември 2020 година.  

За овој квартал, според податоците на УЈП, на граѓаните ќе им бидат вратени 6,1 милион евра за скенираните сметки во октомври, ноември и декември 2020 година преку апликацијата МојДДВ.

Во  ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале  67.272.456 фискални сметки,  вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат  околу 382 милиони  денари или околу  6,1 милион евра.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година,  од УЈП апелираат граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира  профилот на ЕПДД.

Од направената  проверка и анализа,  Управата за јавни приходи утврди дека  5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ  имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Лимитот за поврат на ДДВ за едно физичко лице во едно тримесечие изнесува 1.800 денари. Се скенираат сите фискални сметки со максимален износ до 30.000 денари. Повратот на средствата е 20 отсто од прикажаниот ДДВ за домашни производи и услуги и 10 отсто за странски. Проектот се спроведува од јули 2019 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ддвпари
Претходен напис ИНТЕРВЈУ- Арјанит Хоџа: Нови 5 милиони евра помош за тутунарите, годинава приоритет договорното производство како најдобро решение за сите земјоделци
Следен напис (ВИДЕО) ФИТР го објавува првиот јавен повик за ко-финансирани грантови, 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?