Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници
Агровести

УЈП одржа шест работилници за е-фактура со поголеми даночни обврзници

Објавено 30/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи во текот на месец јуни одржа шест работилници за системот е-Фактура на кои учествуваа околу 90 компании кои ги администрира Дирекцијата за големи даночни обврзници. Работилниците беа организирани со цел компаниите да се запознаат со функционалностите на системот, процесот на негово користење и придобивките што ги носи дигитализацијата на фактурирањето, информира Управата за јавни приходи во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Големите даночни обврзници ја прифатија поканата на УЈП активно да се вклучат во тестирањето на системот е-Фактура и во соработка со даночните агенти на УЈП да придонесат за негово понатамошно унапредување и успешно имплементирање. На работилниците беше извршена практична презентација на системот е-Фактура, при што беше демонстриран целиот процес на изготвување електронска фактура преку веб-апликацијата – од нејзино креирање до конечна обработка и испраќање. Дополнително беа прикажани и останатите функционалности на системот, вклучително издавање, прием, прифаќање, одбивање, сторнирање и преземање електронски фактури.

Претставниците на УЈП посебен акцент ставија на даночните индикатори, кои ќе претставуваат составен елемент на електронските фактури и ќе служат како основа за правилно утврдување на даночниот третман на прометот. Даночните индикатори се дефинирани согласно одредбите од Законот за данок на додадена вредност и овозможуваат јасно означување дали прометот е оданочив со општа или повластена даночна стапка, дали е ослободен од ДДВ со или без право на одбивка на претходен данок, дали не е предмет на оданочување со ДДВ или пак подлежи на примена на механизмот за пренесување на даночната обврска (Reverse Charge). Тест-фазата континуирано се надградува со нови функционалности.

Во моментот се достапни 12 даночни индикатори и повеќе типови документи, а развојот на системот продолжува со воведување дополнителни типови документи и функционалности согласно динамиката на проектот. Преку директна комуникација со стручните тимови на УЈП, учесниците имаа можност да добијат одговори на прашањата поврзани со имплементацијата, техничките аспекти и тестирањето на системот. Присутните компании покажаа подготвеност активно да се вклучат во тест-периодот и преку практична примена на системот да придонесат со свои предлози, забелешки и сугестии за негово понатамошно унапредување. Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да го искористат тест-периодот и активно да ги тестираат функционалностите на системот е-Фактура. Повратните информации од корисниците ќе имаат значајна улога во понатамошниот развој и оптимизација на системот, со цел негово успешно, ефикасно и навремено воведување, како и обезбедување на современо, едноставно и сигурно електронско фактурирање.

УЈП

Може да ви се допадне

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Албанија и Косово ја зајакнуваат  соработката во областа на земјоделството
Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари
Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Димитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансии
Таг:е-фактураобврзнициУЈП работилници
Претходен напис Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство
Следен напис Јуфките од дојранската “Јуфкијада” донирани за трпезите на ранливите семејства од регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?