Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, постигнат висок процент на исполнетост од 94 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, постигнат висок процент на исполнетост од 94 проценти
Агровести

УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, постигнат висок процент на исполнетост од 94 проценти

Објавено 28/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува активно да ги следи потребите и пораките на даночните обврзници и во тековниот циклус на поднесување на ДДВ – 04 пријави и презема активности за оптимизација на системот за поднесување на даночните пријави.

Во овој период, до 27.01. 2025 година на полноќ, иако истовремено се вршеше поднесување на месечни и тримесечни ДДВ пријави, сепак резултираше со одличен одзив на континуирано поднесување и без масовни реакции од даночните обврзници за евентуални пречки. Ова покажува даночна одговорност и посветеност на даночните обврзници во исполнувањето на обврските поддржани од напорите на УЈП за оптимизација и ефикасност на системот.

На полноќ истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, а од вкупно очекуваните 41.531 пријави, поднесени се 39.028, што претставува висок процент на исполнетост од 94,0%.

Апелираме до сите останати 2.503 даночни обврзници кои не ги поднеле своите ДДВ-04 пријави навремено, да ги достават потребните документи до своите сметководители и во најкраток рок да ги поднесат пријавите, со цел да избегнат камати за задоцнето плаќање. Навременото и точно поднесување на ДДВ пријавите е од суштинско значење не само за исполнување на законските обврски, туку и за забрзување на процесот на поврат на средства за оние кои имаат изразен ДДВ и очекуваат поврат. Овој процес е клучен за подобрување на ликвидноста на компаниите како и поголема оперативност, што директно влијае на финансиската стабилност на домашните компании.

Управата за јавни приходи продолжува кооперативно и во соработка со даночните обврзници да ги усовршува и оптимизира системите вклучувајќи и побрза обработка на податоците, поголема транспарентност во целиот процес и поефикасен поврат на средствата кон даночните обврзници кои ги исполниле законските услови за поврат. За сите обврзници кои не ги поднеле пријавите навремено, ќе следуваат постапки согласно со законските овластувања, вклучително и потсетувања и мерки за присилна наплата, ако и по тие потсетувања не ги исполнат своите обврски.

Управа за јавни приходи 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:94 процентиДДВ-04 пријавитеподнесувањеујп
Претходен напис Се откупува рекордна реколта тутун
Следен напис Сточарите се жалат на скапа добиточна храна, поледелците одговараат- требаше навреме да обезбедите јачмен, кога беше 9 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?