Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите се жалат на скапа добиточна храна, поледелците одговараат- требаше навреме да обезбедите јачмен, кога беше 9 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите се жалат на скапа добиточна храна, поледелците одговараат- требаше навреме да обезбедите јачмен, кога беше 9 денари
Агровести

Сточарите се жалат на скапа добиточна храна, поледелците одговараат- требаше навреме да обезбедите јачмен, кога беше 9 денари

Објавено 28/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувачите на ситен и крупен добиток се жалат дека останале без сточна храна. Велат и она што може да се најде на пазарот е со повисока цена. Според претседателот на Националната земјоделска мрежа, ова е резултат на погрешна проценка, односно, јачмен се извезувал без да се води сметка за потребите на домашните фармери, објави Сител.

– За жал, поради некои погрешни политики, иако годинава имавме повеќе од доволно сточна храна, огромни колични се извезоа во соседна Грција и тоа по некои багателни цени од 8 денари, така што сега во моментот се соочуваме со дефицит од сточна храна. Тоа е се, поради тоа што не се направи една стратегија, да се чуваат резервио за домашното производство и сега сме сведоци дека секојдневно имаме раст на цените, односно, во континуитет растат цените на сточната храна, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална мрежа на земјоделци

Од Асоцијацијата на земјоделци се самокритични и сметаат дека решението на проблемот е многу поедноставно. Фармерите мора да го планираат годишното производство, а храна за домашните животни да обезбедат на време, поточно, во период после жетва, кога јачменот се продава по најниска цена.

– Сите што со беа домаќини, си купија евтина храна и тоа по 9 и 10 денари за килограм јачмен. Сега цената на јачменот е покачена на 15 и 16 денари, што е реално и што се уште е тоа ниска цена. Некои сточари што не се сериозни можеби мислат дека повторно треба да биде по 9 денари, меѓутоа тоа нема да се случи, изјави Гоце Серафимов, од Асоцијација на земјоделци

Серафимов ги потсети фармерите да аплицираат за субвенции за зголемување на своите стада. Според новата Програма, наместо досегашните 1000 денари по грло маторица, ќе се стимулираат со по 4000 денари, а можат да се пријават и за закуп на земјоделско земјиште за да си произведат сопствена сточна храна.

Може да ви се допадне

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Таг:денаридобиточна хранаскапацена
Претходен напис УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, постигнат висок процент на исполнетост од 94 проценти
Следен напис Завршиле факултет, започнале со туризам во селото и создале нови атракции за Трстеник од јавање коњи, воденица и куќа на сончева енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?