Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП ги проверува приходите од странство од 2020 до денес! – 7.400 покани, 200 даночни решенија за данок за приход од странство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП ги проверува приходите од странство од 2020 до денес! – 7.400 покани, 200 даночни решенија за данок за приход од странство
Агровести

УЈП ги проверува приходите од странство од 2020 до денес! – 7.400 покани, 200 даночни решенија за данок за приход од странство

Објавено 16/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните кои работеле на брод, во Авганистан, биле на печалба низ други земји во изминатите пет години, како и фриленсерите кои работат од тука за странска компанија, да ги пријават парите кои ги заработиле од странство, а УЈП ќе утврди дали и колку персонален данок треба да платат тука. Доколку со таа земја имаме договор за избегнување на двојно оданочување, УЈП утврдува дали имаат даночен кредит или целосно ослободување,или и тука ќе треба да доплатат данок, а може да треба да платат тука и да си бараат поврат од другата земја. Ова во емисијата Бизнис 21 го појасни директорката на УЈП Елена Петрова, околу контролите  на приходите на нашите печалбари во странство.

„Се вративме до 2020 година наназад, затоа што тоа е законскиот лимит во кој што можеме да постапуваме. Околу 7.400 покани се упатени на граѓани. Значи до сега имаме нешто над 1.000 доброволно поднесени пресметки од граѓаните за пријавување на нивниот доход и нормално оданочување, еве да ја проверам бројката, скоро 200 донесени даночни решенија“, порача Елена Петрова.

Петрова вели ова е универзално правило и сите наши резиденти имаат обврска данокот да си го платат во земјава. Под резиденти се лицата кои најмалку 183 дена во годината постојано, или со прекин, живееле во Македонија. Но УЈП проверува и дали имаат витални интереси, како живеалиште, семејство дома.

„Тие што живеат овде и имаат 183 дена, најмалку 183 дена во годината живеалиште во Македонија, тие тука треба да го платат данокот. Работата на брод зависи од тоа под кое да речам, под која јурисдикција е компанијата која што го организира тој, ја организира таа работа, дали имаме меѓународен договор“, вели Елена Петрова.

До нашата редакција веќе реагираа голем број граѓани на кои им стигнал повик да се јават во УЈП. Пред неколку години  биле Авганистан, оствариле високи приходи, ги инвестирале во недвижност и сега прашуваат како да платат данок за парите кои ги потрошиле пред 5 години. Реагираат дека никој до сега не ги информирал.

Покрај овие приходи, Петрова најави дека следна голема акција, иако се опфатени и со оваа, ќе бидат проверките на закупите и сместувачките капацитети, особено преку Букинг и други платформи за да детектираат каде точно има пропусти во плаќањето на даноците.

извор: mk.tv21.tv

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:девизиелена петроваприходи
Претходен напис Дурмиши: „ Цената на јајцата се зголеми поради поскапувањето на пченката и сојата“
Следен напис НФФ: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција што го има монополот на пазарот за откуп, остануваат меѓу предизвиците во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?