Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: „ Цената на јајцата се зголеми поради поскапувањето на пченката и сојата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: „ Цената на јајцата се зголеми поради поскапувањето на пченката и сојата“
Агровести

Дурмиши: „ Цената на јајцата се зголеми поради поскапувањето на пченката и сојата“

Објавено 16/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не се очекува драстично зголемување на цените на прехранбените производи за празниците. Ова го изјави министерот за економија, Бесар Дурмиши, во емисијата Клик Плус, додавајќи дека, доколку трговците ги покачат цените пред празниците, ќе се преземат мерки.

-Што се однесува на сите прехранбени производи на годишно ниво, состојбата е стабилна. Граѓаните имаат перцепција дека цените се зголемени, но тоа не е само перцепција – ние се справуваме директно со фактите. Во основа, врз база на факти и аргументи ние делуваме. Доколку се соочиме со некоја драстична промена или зголемување на цените на прехранбените и непрехранбените производи на мало, особено за време на празниците, ќе интервенираме, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.

Во врска со реакциите за огромното покачување на цената на јајцата, Дурмиши го образложи тоа со поскапувањето на пченката и сојата, цени кои се одредуваат на светските берзи. Тој го обвини претходниот владин состав што не презел мерки за поддршка на домашните производители.

Дурмиши: Кога станува збор за јајцата, тоа е поврзано со цената на сојата и пченката, кои се прехранбени производи на светските берзи и ние не можеме да влијаеме. Тоа се меѓународни берзи каде се одредува цената…

Во законот за финансиска поддршка на инвеститорите, кој ќе се имплементира од Министерството за економија и труд од 1 јануари е предвидена финансиска поддршка за домашните производители кои сакаат да го зголемат производствениот капацитет и за производителите кои ќе инвестираат во технологија. Според Дурмиши, ова ќе влијае на зголемување на бројот на вработувања и на количината на домашно производство. Во меѓувреме, за вработувањата, Дурмиши рече дека се направени над 2.500 вработувања во државните институции и над 800 напредувања.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:дурмишисојацена
Претходен напис Трипуновски: Обезбедивме грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“
Следен напис УЈП ги проверува приходите од странство од 2020 до денес! – 7.400 покани, 200 даночни решенија за данок за приход од странство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?