Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Досега реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Досега реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари
Агровести

УЈП: Досега реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари

Последна измена: 25/12/2019 14:45
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Соопштение на Управата за јавни приходи:

Почитувани, Управата за јавни приходи ве известува дека досега е реализиран поврат на персонален данок на доход за 16.100 земјоделци во вкупен износ од 76,745,269 денари за приходи остварени од продажба на сопствени земјоделски производи во текот на 2018 година.

Воедно информираме дека исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход, а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни проходи.

Со измените во Законот за персонален данок на доход, право на поврат на персонален данок на доход остваруваат земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, немаат остварено приходи по друг основ, односно кои оствариле приходи единствено од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, не се ДДВ обврзници, не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

Според првичните податоци од евиденциите на УЈП и министерството за земјоделство, правото на поврат на персонален данок од доход го остваруваат околу 17.000 земјоделци. На почетокот на 2018 година, Владата на Република Северна Македонија го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Има голем интерес за мерката за враќање на младите во селата
Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Таг:денаридоходпариперсоналенујп
Претходен напис Порибување со крап, на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”
Следен напис Земјоделската задруга „Крани“ денеска го превзеде новиот виљушкар тип CPSD 15, набавен преку Програмата за рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?