Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 06.02.2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 06.02.2025 година
Агропрогноза

УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 06.02.2025 година

Објавено 06/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатата седмица имавме променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, и умерен до засилен северен ветер, кој предизвика опаѓање на температурата. Овие временски услови се очекувани за зимски услови и услови на презимување на земјоделските култури.

Во овој период треба да се почне со резидба на виновата лоза. Секоја сорта на винова лоза има специфични услови на одгледување, доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците можат да започнат. Режењето на виновата лоза е многу значајна агротехничка мерка и претставува најважниот чекор во одгледувањето на лозјето. Со резидбата се отфрлаат сите суви, болни и стари органи од лозата. Се овозможува нивна регенерација и се продолжува векот на рентабилно одгледување на виновата лоза. Со редовна резидба, се овозможува одржување на саканиот облик на лозата. Доколку редовно не се врши, ќе дојде до промена во приносот и квалитетот на добиеното грозје. Таа е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделските производители може да почнат или продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле. Минималната температура ќе се движи во интервал од -9°C до 3°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 2°C до 11°C.

Може да ви се допадне

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 20.08.2026 година
Таг:винова лозавременски приликиземјоделски културикултуриснег
Претходен напис АППТ: Македонскиот туристички потенцијал промовиран на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул
Следен напис НАЈК ПРОМ: ТРАКТОРИ LOVOL EURO V од 25hp до 130hp – висока технологија и перформански
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?