Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АППТ: Македонскиот туристички потенцијал промовиран на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АППТ: Македонскиот туристички потенцијал промовиран на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул
Агровести

АППТ: Македонскиот туристички потенцијал промовиран на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Објавено 06/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија повеќе од една декада е дел од Меѓународниот саем за туризам „EMITT“ во Истанбул, Турција. Саемот годинава се организира по 28. пат, од 5 до 7 овој месец. Богатата туристичка понуда на Македонија, адаптирана за турскиот пазар е промовирана од коегзибиторите на македонскиот штанд Бадемтур, ДМЦ Балканс, Вардар експрес, Делфино травел, Ајдинис травел, Балкан травел и хотел „Макпетрол“, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Репрезентативниот штанд на Македонија, како што се наведува, на првиот саемски ден беше посетен од бројни високи претставници на Република Турција, како и значајни учесници од туристичкиот сектор.

Директорката на АППТ Билјана Стефаноска разменила мислења и поразговарала за туристичката размена како и продлабочување на соработката помеѓу двете земји со претседателот на ТУРСАБ – Асоцијација на туристички агенции на Турција, Фируз Багликаја.

– Турските гости се традиционални во Македонија, културните, историските и семејните врски се мост кој ги поврзува двата народи. Минатата година има раст на бројот на турски посетители од 46 отсто, споредбено со 2023 година со вкупно 276 597 туристи од Турција кои оствариле 385 208 ноќевања, со забележано зголемување од 43 отсто, стои во соопштението.

Како една од петте најдобри туристички изложби ширум светот, „ЕМИТТ“ годишно привлекува околу 30.000 професионалци и туристи кои бараат нови можности за патување и истражување. На саемот учествуваат над 100 земји, 650 излагачи и над 220 поканети туроперaтори како и активни туристички работници, медиуми, блогери, влогери кои ќе промовираат туристички дестинации. За време на саемот се организираат бројни панел дискусии со различни лидери во областа на туризмот од Турција и светот.

– Овој настан овозможува вмрежување со сите учесници преку систем за онлајн закажување состаноци – hosted buyers, алатка која нуди можности за бизнис и соработка помеѓу светскиот туристички сектор, се вели во соопштението од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АППТИстанбулМакедонскиот туристички потенцијалпромовирансаем
Претходен напис Пад на увозот и на извозот во 2024 година, трговскиот дефицит 3,28 милијарди евра
Следен напис УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 06.02.2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?