Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунот речиси со квалитет како лани, но количествата драстично намалени. Се бараат аргати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунот речиси со квалитет како лани, но количествата драстично намалени. Се бараат аргати
АгровестиРастително производство

Тутунот речиси со квалитет како лани, но количествата драстично намалени. Се бараат аргати

Објавено 13/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава реколтата тутун ќе биде помала за 3.500 тони и ќе тежи околу 23.000 тони, но може и помалку, а квалитетот е приближно на ланското ниво, проценува Методија Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Годинава, вели Стомнароски, зависеше од временските услови. Инаку две третини од родот се собрани од нивите.

-Досега околу 70 отсто е набран тутунот. Квалитетот многу нема да се разликува од ланскиот, само што при втората берба, поради дождовите, листовите се покрупни. При склучувањето на договорите пролетоска, реколтата се заокружува на 23.000 тони. Мислиме дека може годинава и да не се собере толку тутун и реколтата да биде помала зашто прво имавме голема суша, а со дождовите имаше оболување на тутунот и можност за помали количества. Оваа година се помалку околу 3.500 тони. Зошто е така, за тоа треба да одговорат откупните компании, а и побарувачката и понудата на тутунот на пазарот, изјави Стомнароски.

Тутунарите уште при склучувањето договори со откупувачите пролетоска побараа и сѐ уште бараат повисоки откупни цени по класи. Поради пандемијата одложија, но сега ги интензивираат разговорите со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со Инспекторатот, Стопанската комора и со откупувачите. Дел малку ги зголемија цените, но недоволно.

-Со почетокот на садењето баравме, сѐ уште бараме, зголемување на цените. Некои откупни претпријатија нешто ги зголемија цените. Но, ние ќе продолжиме со барањето за зголемени цени и барем, со анекси, да се додадат на договорите за да немаме проблеми при откупот на тутунот. Ние баравме првата класа да остане 280 денари за килограм, втората да биде 220, третата класа 170 и четвртата класа да биде 90 денари за килограм откупен тутун. Засега, некои компании втората класа ја зголемија на 206 денари, третата на 155 и четвртата е веќе на 90 денари.  До Министерството за земјоделство, до Стопанската комора и до откупните претпријатија поднесовме предлог-правилник. Бараме да се изменат мострите на тутунот, всушност, како што беа мерилата за откуп последниве години. Сега ги активираме состаноците и со надлежните ќе седнеме да се договориме пред почетокот на откупот, објаснува Стомнароски.

Според прилепскиот долгогодишен тутунопроизводител Ристо Џамбазов, кој годинава очекува род од околу 3 тони, најголем проблем е недостигот од работна рака. Главна причина е што е тешка физичка работа.

-Има недостиг од работна рака. Сега некој да побара аргат, не може да најде. Ова претежно го работат жени. Причината за недостигот, главно, е зашто ова е тешка физичка работа. Текстилни работници кои може да работат во викенди, но за повеќе денови, тешко може да се најдат аргати. Инаку, за берење, сатнината е од 160 до 170 денари, а според една нанижана низа е 55 до 60 денари. Не е многу, но производителите не може да издвојат повеќе пари зашто и кај нив добивката е ограничена, вели Џамбазов.

Тутунарите очекуваат поволно време за да ја приберат последната третина од годинашниов род на тутунот.

MИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:денаритутунџамбазов
Претходен напис Нови мерки, иновации и 200 милиони евра поддршка за конкурентно земјоделство, најавува Владата
Следен напис Детално метео: До среда стабилно и суво – услови за локална нестабилност во четврток и петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?