Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунопроизводителите апелираат: Откупувачите да купуваат тутун и во сабота
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунопроизводителите апелираат: Откупувачите да купуваат тутун и во сабота
Агровести

Тутунопроизводителите апелираат: Откупувачите да купуваат тутун и во сабота

Објавено 29/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Родот се презема по класи, а не според шифри, и во најпроблематичните региони, апелираат од Сојузот на тутунски здруженија, откупувачите да го купуваат тутунот и во сабота.

Досега во земјава се откупени речиси 2/3 од договорените 23.000 тони, цената е иста, но најпроблематични се долненскиот, кривогаштанскиот и крушевскиот регион, оттаму треба да се откупува и во сабота, информираше претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски.

„Со зголемена динамика, договорените уште околу 7.000 тони, може да се откупат за 12-ина дена, за потоа, од средината на февруари, до крајот на законскиот рок, 28 февруари, да се купи вишокот тутун“, истакна Стомнароски.

Според него, најголем проблем за дел од тутунарите е тоа што откупувачите продолжуваат со купување тутун според шифри, а со тоа остануваат празни договори и лажен вишок на тутун.

Од друга страна пак, од Тутунскиот комбинат – Прилеп уверуваат дека ги надминале проблемите со документацијата и набавката на картони и го преземаат тутунот од кооперантите на „Далија табак“. Генералниот директор на Тутунскиот комбинат, Кире Станкоски информира дека ќе се работи и во сабота.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп велат дека досега, во прилепскиот регион 2.000 тутунари пријавиле 2.700 тони вишок. Пријавувањето е до 5 февруари.

Извор: Локално

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вишокоткупувачитутунТутунопроизводители
Претходен напис Со овој едноставен експеримент, утврдете колку пченица ви измрзнала!
Следен напис Во Делчево се чистат дивите депонии во селските средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?