Во текот на зимата, со појавата на студеното време и ниските температури, а особено кога имаме снежна покривка или голомразица, земјоделците си го поставуваат прашањето: Колку растенија им измрзнале?
Користејќи ги искуствата и литература од Државниот универзитет во САД, може да се направи еден едноставен експеримент за да се види колкав е степенот на измрзнување кај пченицата:
- Земените примероци пченица од парцелата, треба да се измијат и да се стават на некоја подлога без предходно да се исушат.
- После тоа со ножици се сечат сите зелени делови на растението и тоа малку над делот од стеблото кое инаку е во земја.
- На вака исечените растенија треба да им се натопи коренот и да се ставаат во провидна најлонска кеса.
Едноставно, ако се стават на светло место со умерена температура, нашите растенија ќе растат повторно (кесата се замаглува од внатрешната страна бидејќи растението дише).
Најдобро е да се земат примероци од различни места и тоа по 10 растенија од секое место. Треба прецизно да ги обележите и да ја направите опишаната постапка, па така ќе можете да утврдете колкав е процентот на измрзнување кај вашите есенски посеви.
Извор: agrosavjet.com
