Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Скопје 1
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Скопје 1
Агровест

Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Скопје 1

Објавено 24/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Инвестицијата беше презентирана денеска на средбата на делегација на компанијата предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи, со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Според инвестицискиот план и финансиските проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи додека обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра, информира владината прес-служба.

Компанијата произведува иновативни т.н „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Како што се истакнува во соопштението, „Текнопанел“ со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели, е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

– Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање работни места со просечна нето -плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на плати од 5 проценти годишно. Исто така, ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно за прв пат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош, стои во соопштението.

Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со пет фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Таг:текнопанелТИРЗ
Претходен напис Симпозиум на Југоисточна Европа за зеленчук и компир
Следен напис Во Струмица вечер презентација на арехеолошките истражувања од брегот на Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?