Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турција го забрани извозот на домати до 14 април. Како ќе се одрази тоа на нашиот пазар?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Турција го забрани извозот на домати до 14 април. Како ќе се одрази тоа на нашиот пазар?
Агровести

Турција го забрани извозот на домати до 14 април. Како ќе се одрази тоа на нашиот пазар?

Објавено 08/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство на Турција донесе одлука да го лимитира извозот на домати до 14 април 2023 година.

Во соопштението на турското Министерството се вели дека „поради големиот неодамнешен пораст на цената на доматите во Турција и ужасните последици од земјотресот, кој директно погоди 11 провинции, стана неопходно да се преземат мерки за да се обезбеди храната и да се стабилизираат цените“.

Според аналитичарите на EastFruit, одлуката на турската влада ќе има сериозно влијание врз пазарот на домати во земјите кои зависат од турскиот увоз, пред се, Украина, Молдавија, Грузија, Романија и уште неколку земји од регионот, бидејќи Турција е таа која вообичаено во март доставува најмногу домати на овие пазари.

За тоа дали оваа одлука ќе се одрази на нашиот пазар, Агротим разговараше со Атила Хасан, сопственик на откупно-дистрибутивниот центар AGA Fruit & Vegetables, кој соработува со многу компании од Турција.

„Недостиг на храна на глобално ниво секако има веќе неколку години. Покачување на цените веќе има, во очекување сме да има уште поголемо зголемување. Во нашата земја од Турција најмногу се увезува овошје (лимон, портокал, мандарина, цитрон, калинка), а од зеленчук најчесто се врши увоз на сето она кое кај нас го нема во сезона (домати, пиперка, краставица, кромид, компир). Во однос на местата кои се зафатени со земјотресот во Турција, ние не зависиме од земјоделските производи од тие региони, но сепак недостатокот може да се одрази на зголемување на цените на нашите пазари поради одлуката на Турција да го забрани извозот на домати до средината на април. Според тоа каква е ситуацијата на пазарите, можам да кажам само дека веќе нема да има евтино овошје и зеленчук.“, рече Атила Хасан.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:атила ага хасандоматитурција
Претходен напис (ВИДЕО) Дали цилиндричните кошници носат револуција во пчеларството?
Следен напис Во Бразил е одобрено одгледување и продажба на генетски модифицирани сорти пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?