Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тропската бура Канун предизавика поплави во Јужна Кореја, а евакуирани се и 10.000 лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тропската бура Канун предизавика поплави во Јужна Кореја, а евакуирани се и 10.000 лица
Агровести

Тропската бура Канун предизавика поплави во Јужна Кореја, а евакуирани се и 10.000 лица

Објавено 10/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јужнокорејските власти денеска евакуираа повеќе од 10.000 лица и затворија повеќе училишта во областите погодени од поплавите предизвикани од тропската бура Канун. 

Бурата Канун се движи кон главниот град на Јужна Кореја, Сеул, јавија британските медиуми. 

Бурата може да го погоди и главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, а тамошните државни медиуми објавија дека армијата и владејачката партија добиле наредба да подготват мерки за ублажување на поплавите. 

Во Јужна Кореја денеска се откажани околу 350 летови и 410 линии на возови, а повеќе од 10.000 лица се евакуирани на безбедно, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Засега нема жртви, соопштуваат јужнокорејските медиуми.

Невремето во некои градови и источниот брег на земјата донесе и до 60 милиметри дожд на час, а максималната брзина на ветерот во југоисточното пристаниште Бусан изнесуваше 126 километри на час, соопшти Метеоролошкиот завод. 

Поради летниот распуст повеќето училишта се затворени, но речиси половина од нив нудат летни часови, така што околу 1.600 вакви училишта се затворени или се префрлени на онлајн учење, соопшти Министерството за образование. 

Некои училишта во источната крајбрежна провинција Гангвон беа погодени од поплави и свлечишта. 

Земјата сè уште се опоравува од интензивните монсунски дождови што ја погодија минатиот месец, при што загинаа повеќе од 40 лица, од кои 14 во еден поплавен тунел.

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:Јужна КорејаКанунпоплавиТропската бура
Претходен напис Намален водостојот на Дојранското и на Охридското Езеро 
Следен напис Поплавите предизвикаа цревна вироза во делови на Корушка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?