Словенечкиот институт за јавно здравје денеска предупреди на ширење на цревна зараза во Межишката долина во Корушка, во делови каде сè уште не е воспоставено снабдување со вода за пиење по поплавите што ја зафатија земјата на почетокот на август.
Институтот апелира до населението да ја преврива водата и да користи купечка вода во шишиња.
Пријавени се симптоми на повраќање и дијареја. Се претпоставува дека причина за заразата е контаминирана вода, храна или контакт со отпад.
Цревна вироза е пријавена и на подрачјето Чрна во Корушка, каде се воведени дополнителни мерки. Словенечката армија го снабди населението со средства за дезинфекција, а жителите ќе добијат и писмени летоци со предупредувања и мерки што треба да преземат.
МИА