Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Винарските визби ја прифатија новата откупна цена на Вранецот и Смедеревката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Винарските визби ја прифатија новата откупна цена на Вранецот и Смедеревката
АгровестиФондови

Трипуновски: Винарските визби ја прифатија новата откупна цена на Вранецот и Смедеревката

Последна измена: 06/08/2024 19:39
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

„Пред малку заврши состанокот со винарските визби, состанокот беше на моја иницијатива. Согласно Методологијата и она што значи Јавен повик за избор на научна институција за утврдување на цената, денеска истите цени ги презентирав на претставниците на винарските визби“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за Сител телевизија.

Трипуновски посочи дека производната цена ќе изнесува 20,8 денари за Вранец за 19 шеќерни единици и 18,3 денари за килограм грозје Смедеревка за 17 шеќерни единици.

„Овде сакам да потенцирам дека секоја шеќерна единица што ќе е плус ќе биде дополнително вреднувана односно исплатена“, истакна министерот.

Трипуновски додаде дека овие цени кои што се оваа година дефинирани согласно законската обврска е зголемување во однос на минатогодишните цени.

„Во делот на Смедеревката имаме зголемување за некои 20-тина проценти односно 22%. А, за Вранецот имаме зголемување некаде околу 15,5%. Овие цени со вакво зголемување мислам дека ќе бидат една доволна граница да овој откуп тече во нормален тек и земјоделците да имаат одредена заработка во делот на производството“, рече тој.

Министерот најави дека откупот ќе се следи и од негова страна и од страна на Земјоделскиот инспекторат. Секој инспектор ќе биде задолжен со широмер, за кој што ќе има соодветна обука од надлежните институции. Оваа контрола ќе биде елиминатор на сите манипулации кои ги имало во изминативе години.

„Сакам да најавам дека по завршувањето на откупната сезона од 2024 реколта, ќе треба повторно да го отвориме Законот за вино каде што има одредени аномалии кои што ги воочивме во изминатиов период. А, тоа е се со цел да изградиме една стратегија за да Македонија биде винска држава“, нагласи Трипуновски.

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:Винарски визбиВранецНова ценаОткупсмедеревкаТрипуновски
Претходен напис Асани: До 31 август аплицирање за 60% субвенции за полисите за ОСИГУРУВАЊЕ во земјоделството
Следен напис Владата го именува Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?