Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат
АгровестиПазари

Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат

Последна измена: 17/08/2024 15:52
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска беше во посета на откупен пункт на грозје во Сопот за да се увери во текот на почетокот на бербата на грозјето. Тој беше информиран од страна на сопственикот на откупниот пункт на грозје и од земјоделците дека тоа што се откупува оди за извоз.

„Цените се од 8 до 10 денари зголемени во однос на ланските цени, во делот на Шардоне, Темјаника, сортните вина. Додека за Вранецот она што ќе почне да се извезува ќе се плаќа по 25 денари. И некои 22 денари за Смедеревката. И тоа е исто така сериозно поткревање во делот на извозот“, истакна Трипуновски.

„Мојата посета денеска е лично да се уверам во делот на тоа како ќе почне и стартува откупот согласно истакнатите цени кои што ги имавме во винарските визби. Заедно со Инспекторатот ќе го следиме процесот. Оние цени кои што ги истакна Министерството зголемени за 25% мора да се почитуваат“, нагласи министерот.

Трипуновски додаде дека мора да се плаќа согласно квалитетот.

„Гледам одредено тактизирање на винарските визби дека повеќе им треба бело грозје отколку црно. Тука апелирам да секој согласно планираните количини кои што ги има најавено да си го изврши откупот, да се плати согласно Законот и нормално да се плати согласно квалитетот. Не сакам да има отстапки“, појасни тој.

Министерот посочи дека секаде каде што има потреба ќе се реагира, се со цел да се заштити трудот на земјоделецот.

„Протекции апсолутно нема да има, Законот за сите подеднакво треба да важи, дали се визби, дали се земјоделци. Едноставно Законот мора да се почитува“, изјави Трипуновски.

„Јас ветувам и Инспекторатот и јас лично и на дневна основа ако треба ќе бидам присутен и ќе го следам процесот, затоа што ова мора да се воспостави како правило кое што треба да се почитува“, истакна министерот.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:грозјетоМинистерствотооткупните цениТрипуновски
Претходен напис Трипуновски: Ќе одвоиме 20 милиони евра на годишно ниво за враќање на системите за наводнување во функционална состојба
Следен напис Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?