Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Ќе одвоиме 20 милиони евра на годишно ниво за враќање на системите за наводнување во функционална состојба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Ќе одвоиме 20 милиони евра на годишно ниво за враќање на системите за наводнување во функционална состојба
Агровести

Трипуновски: Ќе одвоиме 20 милиони евра на годишно ниво за враќање на системите за наводнување во функционална состојба

Последна измена: 17/08/2024 14:46
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Владата и Министерството за земјоделство наредната 2025  година ќе започнат со спроведување на 10-годишната програма, со која  20 милиони евра на годишно ниво ќе бидат одвоени за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба. Ова при денешната посета на Делчево го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски напоменувајки дека Владата и Министерството се свесни дека водата е битен елемент во земјоделското призводство.

-Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квалитет нити по квантитет, ако немаме количина на вода. Не само во делот на истокот, речиси на целата територија ќе се работи засилено на враќање на системите во функционална состојба свесни дека е клучен елемент во земјоделското производство, рече Трипуноски.

Тој се осврна и на намалувањето на сточниот фонд како одговор на новинарско прашање што е планирано за да се ублажи состојбата со намалениот број на добиток.

-Бројките се лоши навистина е катастрофална ситуацијата, тоа е резултат на оние погрешни и задоцнети мерки кои ги правеше изминатата власт. За жал нашите полици се со увозно млеко, а нашето производство на месо, живина, свинско итн, е веќе преполовено. Ние ќе дадеме веќе од идната програма 2025 година зголемена поддршка, се со цел да го враќаме сточниот фонд, бидејќи мораме да обезбедиме домашна храна за нашите сограѓани и нормално како извоз на земјоделски производи, додаде Трипуноски.

Најави и редефинирање на програмата за субвенции со крајна вел да се стимулира зголемено производство.

-Нормално оние субвенции што ќе ги даваме ќе ги исплаќаме навреме, се со цел да бидат дополнително додадена вредност во делот на сточарството. Знаете дека со доаѓањето на власт ние веќе исплаќаме субвенции кои се од претходни години, дали е тоа за предадено јагне во кланични капацитети, дали за литар млеко кое што досега требаше да го имаат земено сточарите меѓутоа ние како Влада даваме веќе сериозен прироритет во делот на исплата на субвенции, ќе градиме мерки кои што ќе бидат долгорочни, додаде Трипуноски.

Во Делчево министерот оствари средба со производителите на сливи од Делчево, Берово и Пехчево на која информираше дека Министерството е во процес на креирање на дополнителни мерки кои ќе значат помош за производителите на сливи, со цел да се спаси оваа сезона, но и да се задржи активна оваа категорија на земјоделци.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:20 милиони евравраќањенаводнувањесистемитеТрипуновски
Претходен напис Во Албанија годинава пожарите уништиле над 29.000 хектари шуми
Следен напис Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?