Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт што нема да биде претходно усогласен со сите кои учествуваат во производниот процес
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт што нема да биде претходно усогласен со сите кои учествуваат во производниот процес
Агровести

Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт што нема да биде претходно усогласен со сите кои учествуваат во производниот процес

Објавено 10/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми во Струмица истакна дека првпат се одржува состанок на потсекторската група за градинарство надвор од просториите на Министерството, на кој се разговарало за претстојната произвоидствена сезона.

– Денеска на иста маса ќе бидат земјоделците, преработувачите и дел од фелата кои што се во секторот. Ќе дискутираме за она што значи активности во наредниот период, дали тоа ќе биде во делот на пролетната зелка, дали ќе биде за целата производна година, појасни министерот Трипуновски.

Тој посочи дека Министерството веќе работи и во делот на уредувањето на откупот и пласманот на земјоделските производи.

-Не сакаме да донесеме ниту еден акт кој што нема да биде претходно усогласен со сите кои што учествуваат во производниот процес, бидејќи Министерството постои во интерес на решавање на предизвиците, решавање на проблемите и работи долгорочно да се одржи производството, додаде министерот Трипуновски.

Тој истакна дека се размислува на модификација на системот во делот на регистрација на откупувачи во Македонија и дека тоа нема да се направи без консултација со секторот.

-Во денешниот разговор една од темите ќе биде и модификација на овој систем, како да се доуреди процесот на пласман на земјоделските производи. Во фаза сме во носење на новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој што е база на земјоделското производство. Таму ќе се дефинираат многу правила на игра во делот на производство, пласман, исплата на земјоделските производи, загарантирана производна цена која што треба да биде за повеќето важни земјоделски производи. Овој закон се очекува до средината на годината ќе биде ефективен, и ќе значи долгорочно одржливо земјоделско производство, појасни министерот.

Трипуновски посочи дека преку разговор на вакви средби ќе се стабилизира земјоделскиот сектор.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:актпроцесСтрумицаТрипуновски
Претходен напис Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство
Следен напис Средба помеѓу СКСЗМ и заменик министерот за земјоделство, Беџети – во фокус поддршката на агросекторот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?