Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба помеѓу СКСЗМ и заменик министерот за земјоделство, Беџети – во фокус поддршката на агросекторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба помеѓу СКСЗМ и заменик министерот за земјоделство, Беџети – во фокус поддршката на агросекторот
Агровести

Средба помеѓу СКСЗМ и заменик министерот за земјоделство, Беџети – во фокус поддршката на агросекторот

Објавено 10/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra заедно со Извршниот Директор, г. Дурим Зекири, Претседателот на Групацијата за земјоделство и рурален развој, г. Арбен Халили и потпретседателот на Собранието на СКСЗМ, г. Касам Зендели, беа ппречекани на средба од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Флакрон Беџети, каде што се дискутираше за можностите за соработка меѓу двете страни со цел создавање поповолни услови за бизнисите што оперираат во овој сектор.

Средбата беше фокусирана на адресирање на предизвиците со кои се соочуваат бизнисите од овој сектор и идентификување на конкретни мерки за овозможување одржлив и конкурентен развој.

Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra, потенцираше дека Северна Македонија ги има сите предуслови за развој на конкурентен земјоделски сектор, но се потребни посилни поддржувачки мерки од државните институции за зголемување на инвестициите, модернизација на технологиите и зајакнување на домашните производители. Претставниците на СКСЗМ ја истакнаа потребата од поголема поддршка од институциите преку субвенции и ефективни политики кои ќе го поттикнат производството, преработката и извозот на земјоделските производи.

Членовите на Комората ги изнесоа своите загрижености и предизвици со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, барајќи поддршка од Министерството за нивно решавање. Од своја страна, заменик-министерот Беџети ја потврди подготвеноста на институцијата да разгледа секоја иницијатива предложена од Комората и да работи заедно на решенија кои ќе го олеснат развојот на овој сектор.

СКСЗМ останува посветена на зајакнување на соработката со државните институции, во согласност со Платформата за економски развој на Северна Македонија, каде една од клучните точки е и „Земјоделството со реално влијание врз економијата“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аграрБеџетиразвојсксзмФлакрон
Претходен напис Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт што нема да биде претходно усогласен со сите кои учествуваат во производниот процес
Следен напис СОЛИС 90 – STAGE V – СИЛА КОЈА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?