Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари
Агровести

Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари

Објавено 17/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
A beautiful agricultural half green half yellow grass field shot with a drone
Сподели
Ad imageAd image

На крајот од минатата 2024-та година беа распишани 5 јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 и над 3 хектари, едниот повик ги опфати површините со насади со што се овозможува легализација на насадите кои ги имаат подигнато земјоделците.

Со распределбата и легализација на насадите, ќе се овозможи на сопствениците да склучат договор со Министерството и ќе се стави ред во користењето на земјоделското земјиште во државна сопственост.

До Министерството изминатиот период пристигнаа околу 1.600 понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади. Овие бројки се доказ дека јавните повици предизвикаа голема заинтересираност кај земјоделците.

Можам слободно да кажам дека имаме успешно спроведени јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште.

Јавните повици се спроведени без можност за било каква селективност, и да напоменам спроведени се за сите региони од нашата држава, односно опфатено е сето слободно земјоделско земјиште надвор од градежниот реон на општините.

Комисиите напорно работеа за да ги разгледаат сите понуди кои што беа пристигнаа до Министерството. Дел од договорите веќе се доставени до подрачните единици на Министерството за да ги потпишат земјоделците и за краток период истите ќе бидат врачени до сите оние кои што добиле договор за користење на земјоделско земјиште.

Од вкупно 1.600 понуди кои што беа доставени до Министерството, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари. А, за повикот за легализација на насадите од 220 понуди кои што пристигнаа до Министерството, донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари.

Во претстојниот период ќе распишеме нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште се со цел да се стави во функција преостанатото земјоделско земјиште на земјоделците и да создадеме услови секој еден граѓанин кој што е заинтересиран да се вклучи во произведството на храна. А, со тоа отвораме нови можности за младите, за сточарите, за сите заинтересирани да се занимаваат со земјоделство.

Земјоделското земјиште е основата на земјоделското производство, секоја педа од земјоделско земјиште во државна сопственост ќе биде транспарентно распределена на секој кој што сака да ја искористи оваа можност и да се вклучи во процесот на производство на храна.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:3 хектариземјаогласиповици
Претходен напис Иновации во земјоделството: Универзалниот земјоделски робот AgAR претставен пред македонските винарии и производители на грозје
Следен напис Во следниот период нови повици за распределба на државно земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?