Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иновации во земјоделството: Универзалниот земјоделски робот AgAR претставен пред македонските винарии и производители на грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Иновации во земјоделството: Универзалниот земјоделски робот AgAR претставен пред македонските винарии и производители на грозје
Механизација

Иновации во земјоделството: Универзалниот земјоделски робот AgAR претставен пред македонските винарии и производители на грозје

Објавено 16/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемен квалитет и продуктивност, намалување на трошоци, без ослободување на штетни гасови од гориво преку автоматизирање на повторувачки операции при обработка на почвата, се само дел од бројните придобивки на користење роботи во земјоделството, за кои македонските одгледувачи на лозје имаа прилика да научат повеќе за време на демонстрацијата на управување со универзалниот земјоделски робот – AgAR, која вчера се одржа во Винарија Камник – Скопје.

Универзалниот земјоделски робот – AgAR е дизајниран да може да ги извршува речиси сите земјоделски работи, почнувајќи од орање, садење, кроење, мулчирање, прскање, наводнување, па сѐ до берба. Целосно компатибилен со стандардна приклучна земјоделска механизација, опремен со софтвер за далечинско управување, движење по предодреден пат и автономна навигација со сензори за избегнување на пречки, роботот претставува идеален земјоделски помошник.

Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект меѓу српската компанија COMING – Computer Engineering и Машинскиот Факултет при Универзитетот во Ниш. Ова е одличен модел кој покажува како академијата и индустријата можат ефективно да соработуваат. AgAR има за цел да го зголеми производството и да ги намали оперативните трошоци, насочувајќи се кон средни и поголеми производители. Прецизната работа ги зачувува ресурсите како вода и пестициди, намалувајќи го штетното влијание врз животната средина и промовирајќи одржливост.

Покрај роботот, на настанот беше презентирана и Winessense платформата за управување со лозови насади, која со помош на напредни сензори поставени низ лозјата, прибира информации за состојбата на почвата, здравјето на лозата, временските услови и активноста на штетниците.

Настанот наиде на одличен прием кај бројните учесници, претставници на винариите, поголеми производители на грозје, претставници на факултетите за земјоделство и институтот за лозарство и винарство кои покажаа голема подготвеност и ентузијазам за примена на новите технологии и науката во одгледување на виновата лоза во државата.

Демонстрацијата беше овозможена и фасилитирана од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, во насока на унапредување на процесот на дигитализација и модернизирање на секторот одржлив агрибизнис.

Може да ви се допадне

Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
(Во Живо) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски
Таг:аграрземјоделстволозариробот
Претходен напис Рестрикции на вода нема да има, во акумилацијата „Калиманци“ има вода
Следен напис Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?