Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје
Агровести

Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје

Објавено 26/09/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Проверитас”, истакна дека споредбено со претходната година, лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје.

„Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Во минатата година вкупната берба на македонското грозје изнесуваше околу 85 милиони килограми, од кои 65 милиони килограми беа откупени од индивидуални земјоделци. До денешниот ден бербата на винското грозје е над 96 милиони килограми“, посочи министерот.

„Со оглед дека имаме уште период на откуп, во наредните седум до десет дена ќе се откупува уште и очекуваме бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје”, објасни министерот Трипуновски.

Според министерот, зголемувањето на приносот се должи на тоа што преку АД Водостопанство се обезбеди навремена и доволна количина вода за наводнување.

„Ние за овие над 110 милиони килограми на винско грозје ако земеме просечна цена од 0,30 евроценти, значи некаде околу 33 милиони евра ќе влезат директно кај македонските производители“, истакна тој.

Според него, клучот на успехот лежи не само во зголемувањето на откупните цени, туку и во истовремено зголемување на квантитетот на производството на грозје.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винскоЛозарствотоРастТрипуновскитрпезно грозје
Претходен напис ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново
Следен напис Новите врнежи добредојдени за земјоделството: Дождот им носи олеснување на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?