Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби
Агровести

Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Објавено 03/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатиот период кога бев во посета на еден млад земјоделец во село Сопот, кавадаречко, ја соопштив откупната цена на грозјето за реколтата 2025 година. Сите законски одредби од страна на Министерството се испочитувани – од објавување на јавен повик, до избор на научна институција, до склучување на Договор со научната институција, а тоа е Земјоделскиот институт – Скопје. Научниот институт спроведе теренски активности, анкети, сондажи, собирање на сите податоци со цел да изработи производната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје – Вранец и Смедеревка”, истакна министерот Трипуновски при гостување во емисијата „Отворено за” на локална кавадаречка телевизија, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соопштение што МИА го објавува интегрално.

„Производната цена беше креирана од Земјоделскиот институт – Скопје, со што според пресметките производната цена на Вранецот изнесуваше 17 денари за килограм. Ако се додадат 25% како добивка према лозарите, тоа се околу 4,3 денари, односно вкупниот износ од производна цена и 25% – крајната цена која претставува откупна цена на Вранецот изнесува 21,3 денари. Додека пак за Смедеревка, производната цена изнесуваше околу 15,1 денар и со зголемувањето од 25%, тоа е близу 3,8 денари, откупната цена за Смедеревка изнесува околу 18,9 денари”, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека во креирањето на откупната цена се запазени и испочитувани сите законски одредби.

„Го повикувам секој земјоделец, секој кој што чувствува потреба да се информира во делот на Методологијата, да се обрати до Земјоделскиот институт  – Скопје. Сите податоци околу креирањето на производната и откупната цена на грозје се јавни”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува околу 25 милиони килограми повеќе грозје за разлика од минатата година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозјелозарствоТрипуновскицена
Претходен напис Под контрола два пожари на отворен простор
Следен напис На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?