Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи
Агровести

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи

Објавено 03/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите.

Таквата состојба ги загрижува жителите на „Ѓољот“, како што го нарекуваат дојранчани Езерото, и не сакаат да помислат дека може да им се случи повторно еколошка катастрофа како таа од крајот на минатиот и почетокот на овој век кога повеќе години Дојран повеќе личеше на бара отколку на езеро.

Проблемот со празнењето на Езерото во 2002 година беше решен со пуштањето во употреба на Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Во последните три години системот не работеше, но во ноември лани првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков повторно го пуштија во функција Хидросистемот од кој проработеа три од десетте пумпи. По еден месец, поради дефект и дотраеност на системот, престанаа да работат, а до пред десетина денови во Езерото дотекуваше вода само од една пумпа. И таа престана да тече, па каналот по кој се слива водата во Езерото е сув и запуштен и ниту капка вода не дотекува.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:водаврнежидојранско езеро
Претходен напис Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби
Следен напис Невреме па топлотен бран: Неделна временска прогноза за Македонија и Балканот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?