Постојат повеке видови на трипс. Кај нас најштетни се:
Калифорниски трипс – Franklinella occidentalis
Тутунов трипс – Thrips tobaci
Спаѓа во полифагни штетници, инсект кој се храни со најразлични културни и плевелни растенија, а најголеми штети причинува на градинарските растенија, зеленчукот и цвеќето во заштитен простор. Кај зеленчукот ги напаѓа кромидот, празот, доматите, краставиците, пиперките, зелките, салатите и др.
Калифорнискиот трипс е полифаген штетник, и ги напаѓа растенијата кои се одгледуваат во заштитен простор (пластеници и стакленици). Директните штети ги нанесува на сите делови од растението, а индиректно е пренесувач на вирусните заболувања кај доматите. Исклучително е опасен вид штетник, кој брзо се развива и создава брза резистентност на инсектициди, и затоа е потребно посебно внимание при употребата на хемиска заштита.
Тутуновиот трипс ги прави штетите како на отворено така и во заштитен простор. Штетите ги прави директно со смукање на соковите од растението, на цветовите и листовите на растенијата. Популацијата на тутуновиот трипс е најбројна на растенијата од фамилијата Alliaceae (кромидот и празот ), потоа зелката, краставицата, пиперката, доматите, а големи штети прави исто и на тутунот.
Успешната заштита и уништувањето на штетните видови трипс во заштитени простории зависи од навременото согледување на нивното присуство. Здравствената хигиена е многу зачајна за заштита од трипс, а тоа е отстранувањето на растителни остатоци за да не доаѓа до преживување на единки инсекти од трипс.
Сузбивање

При производството во заштитен простор се поставуват сино-жолти лепливи ленти и по нив се гледа присуството на инсектот. Поголем број на поставени лепливи ленти може да послужат за намалување на популацијата.
Поради густината на склопот на растенијата во заштитен простор трипсот се вовлекува во тешко достапни места на растенијата (најчесто во цветот), затоа и со класичниот начин на третирање нема баш добар ефект.
По согледувањето на присуство на штетникот веднаш треба да се врши третирање на растенијата на период 3-5 дена, зависно од видот на примената на препаратот.
Добри резултати се постигнуваат со препаратот Spinosad . Laser, на база на активна материја SPINOSAD, (ги сузбива и лисните минери и пченкарниот молец).
Квалитетна заштита може да се постигне и со примена на FASTAK 10 SC (го уништува цветниот штитест молец/белокрилката).
Мора да се води сметка за каренцата на примената на препаратот, понатаму да се избегнува долговремена и иста употрба на исти препарати или препарати од иста група.
Стојан Глигоров
АПРЗ -Струмица
