Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Трибина за Законот за задолжително земјоделско осигурување


Вчера во Центарот за култура во Битола се одржа трибина на која претставници од МЗШВ одговараа на прашањата на земјоделците во врска со задолжителното земјоделско осигурување.

На трибината беше потенцирано дека задолжителното земјоделско осигурување ќе има за цел да бидат осигурени сите земјоделци и ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите.

Висината на полисите ќе ја утврдува државата и со нив ќе се опфатат повеќе ризици од што опфаќаат досегашните полиси. Беше објаснето дека осигурителните компании веќе нема да можат да нудат осигурителни полиси за земјоделците, а обесштетувањето ќе се врши само преку Пулот за земјоделско осигурување.

Како што информираа претставниците од МЗШВ, со донесувањето на овој закон, треба да се намалат бирократските процедури и исплатата за настанатите штети ќе биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

Александар Мусалевски од МЗШВ нагласи дека земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи овој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата, објасни Мусалевски.

Од страна на земјоделците имаше позитивни излагања и дискусии, како и сугестии за доработување на Законот.

Во наредниот период претставниците од МЗШВ ќе продолжат на терен да одржуваат трибини и состаноци со земјоделците со цел да им го доближат новиот концепт на земјоделско осигурување.




Климатските промени треба сериозно да се сфатат од земјоделците не само од МЗШВ и токму затоа и пораката на кампањата е – Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток.
 

Ное 2, 2022agrotim3
Хемиски неисправна водата за пиење во виничките села Трсино, Трстија и КрушевоРекорден и до сега најголем Буџет во земјоделството: За 2023 близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците

Напишете коментар Откажи одговор

02/11/2022 Кредитирање и осигурувањеАлександар Мусалевски, битола, задолжително земјоделско осигурување, земјоделско осигурување, Пул126

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019