Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хемиски неисправна водата за пиење во виничките села Трсино, Трстија и Крушево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хемиски неисправна водата за пиење во виничките села Трсино, Трстија и Крушево
Агровести

Хемиски неисправна водата за пиење во виничките села Трсино, Трстија и Крушево

Објавено 02/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хемиски неисправна е водата од јавните чешми во селата Трсино, Трстија и Крушево во општина Виница, поради што издадена е забрана за нејзино користење за пиење и за други потреби во домаќинствата.

Испитувањето на примероци од водата во трите села, што по барање од Општина Виница на крајот на октомври ги направил Центарот за јавно здравје од Кочани, покажало дека тие ги задоволуваат бактериолошките параметри, но има значителни негативни отстапувања при физичко-хемиската анализа.

– Контролирана е бактериолошката и хемиската исправност кај седум селски водоводи и јавни чешми од кои населението се снабдува со вода за пиење. Од добиените резултати утврдено е дека кај чешмите во дворовите на две приватни лица од селата Трстија и Крушево, како и кај чешмата во училишниот двор во Трсино, физичко-хемиските показатели не одговараат на стручните и законски пропишаните вредности. Кај сите три е регистрирана зголемена потрошувачка на калиум перманганат, поради што неопходни се мерки за таложење, флокулација, коагулација и филтрирање, се истакнува во известувањето од Центарот за јавно здравје.

Како привремена превентивна мерка се препорачува надлежните служби во општина Виница да обезбедат соодветна преработка, како и дезинфекција на водата пред нејзино користење.

Испитувањата на примероците од локалните водоводи во селата Пеклани, Драгобраште, Калиманци и Виничка Кршла покажале дека водата е исправна за пиење и од бактериолошки и од физичко-хемиски аспект.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:крушевотрсинотрстија
Претходен напис Предлог буџет за 2023: Раст на економијата од 2,9 и инфлација од 7,1 проценти
Следен напис Трибина за Законот за задолжително земјоделско осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?