Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трет ден блокада на камионџиите на Деве Баир
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трет ден блокада на камионџиите на Деве Баир
Агровести

Трет ден блокада на камионџиите на Деве Баир

Објавено 28/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над осумдесет претставници на превозните компании и возачи на камиони од земјата трет ден мирно протестираат на граничниот премин Деве Баир, како и нивните колеги од Србија, БиХ и Црна Гора, против новиот систем за влез и излез во шенген-зоната на Европската Унија.

Претставниците на македонските транспортни компании велат дека економскиот удар е и врз целокупниот систем во државата, а последиците ги трпат и возачите и превозниците.

– Ние сме трет ден тука, штрајкуваме и нема да отстапиме додека не се најде решение за проблемот, ние само сакаме достоинствено да заработиме, не да бидеме третирани како криминалци. Со тие 90 дена ограничувања се отежнува работата, ќе биде намален и приходот и нашата работа ќе трпи, но и бројот на возачи ќе се намали, така што ќе биде доведена егзистенцијата на семејствата, и наши и нивни. Едноставно, ќе застане економијата и во Македонија и на македонските фирми што се во Европа – рече Александар Цветановски од „Стела интернационал“ – Куманово.

Посочи дека веќе има поголем број случаи во кои нивни колеги и од Македонија и од другите балкански земји, кои не се во ЕУ, да бидат вратени, депортирани, како што рече, како криминалци, а работат легална работа со сите потребни документи.

– Нашите камиони се заглавени во Европа. Работата ни е доведена во прашање, ние од тоа егзистираме. Еве јас имам товарено стока за Италија, а не можам да ја реализирам турата. на Запад нè третираат како мигранти, нас нè депортираат, а камионите со стока вредна и над 300.000 евра за коминтентите останува заробена и економскиот сектор трпи големи загуби – рече Благе Пешевски од „Дав шпед“ – Куманово.

На конвојот блокади пред самиот граничен премин Деве Баир кон Бугарија од македонската страна на границата се затекнати и трет ден заглавени и многубројни превозници и возачи од Бугарија, Турција, Романија, Полска, Унгарија, Австрија.

Странските државјани добиваат храна и вода од страна на организаторот на протестите, македонските превозници, а денес им беше организиран и краткотраен престој во хотел за одржување лична хигиена.

– Има 30-40 турски возила на патот само овде кај Деве Баир, заглавени сме и не знаеме колку ќе трае. Страдаме тука, сакаме да си одиме дома. Благодарност до Македонците што ни обезбедуваат топол оброк, многу се добри, а еве денес ни помогнаа и да можеме да се истушираме. Сепак, сакаме да си одиме дома, тие си одат дома навечер, а ние сме во камионите на минусни температури – изјави Хусеин Тургут од „Мерсан транспорт”.

Рече дека имаат проблем во сите балкански држави, а само во Македонија имаат паркирани речиси 200 возила на бензинските пумпи кај Куманово, Гостивар и на други места.

Протестот на возачите на камиони, кој почна во понеделникот и ги парализира товарните терминали на сите гранични премини од Западен Балкан кон Европската Унија предизвика сериозен колапс на товарниот сообраќај.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:блокадаДеве БаиркамионџиитеТрет ден
Претходен напис Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат
Следен напис Хемометал: Прскалки АГРОСЕ на 12 рати без камата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?