Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат
Агровести

Перински од Лозово: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат

Објавено 28/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ја посети Општина Лозово. Во текот на посетата министерот Перински оствари средба со градоначалникот Бошко Цветковски и членовите на Советот на општината, на која се разговараше за клучните активности на министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и развојни планови на Општина Лозово, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински нагласи дека неговата цел, како што се покажа и изминатиот период, е да биде присутен на терен и директно да ги слушне потребите на општините. На средбата стана збор и за воспоставениот Ресурсен центар, преку кој општините може да обезбедат поддршка за полесно и поефикасно водење на клучните процеси.

Во рамки на посетата беше извршен и увид на два проекти:

„Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2411 во населено место Лозово“ и

„Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2055 во населено место Лозово“,

кои се финансирани преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година. Вкупната вредност на проектите изнесува 6.171.976 денари.

Преку овие проекти, граѓаните на Општина Лозово добија ново детско игралиште, современо осветлување, урбана опрема и партерно уреден јавен простор пред општинската зграда, со што се добива нов простор за дружење и секојдневни активности.

Министерството за локална самоуправа продолжува со средби и поддршка на општините во насока на рамномерен и одржлив локален развој.

Министерство за локална самоуправа 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:малите општиниперинскирегионален развој
Претходен напис Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
Следен напис Трет ден блокада на камионџиите на Деве Баир
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?