Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка
Агровести

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка

Објавено 28/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Националната федерација на фармери, која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки.

Работна група во состав на претставници на Министерство за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет-Скопје изминатиов период одржаа повеќе работни состаноци на кои беа дискутирани можните решенија за овие важни прашања. Изминатиов период, министерката на повеќе наврати разговараше и со жените регистрирани земјоделки од Берово, Неготино, Ресен и други општини.

Министерката Тренчевска истакна дека отворениот дијалог и дебата води кон изнаоѓање на заедничко решение. Притоа, се осврна на досегашните активности кои се во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини.

„Продолжуваме да креираме нови решенија и политики кои ќе значат дополнително унапредување на статусот на жените од руралните средини особено на жените регистрирани земјоделки. Во новите законски решенија за работните односи и родовата еднаквост на кои во моментот работи министерството се вклучени најдобрите европски практики ,“рече Тренчевска.

Таа се осврна на фактот дека нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини.

Од Националната федерација на фармери информираа дека тие се активно вклучени и во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост, со цел поддршка на маргинализираните лица во нашето општество, со акцент на лицата со попреченост кои доаѓаат од руралните средини.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка во насока на креирање на квалитетни законски решенија, програми и мерки од кои придобивка ќе имаат сите граѓани.

Министерство за труд и социјална политика

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:женаземјоделкајованка тренчевскаТренчевска
Претходен напис Протест против депопулација на свињите во Свети Николе
Следен напис Бабовски за протестот на сточарите: Општина Свети Николе не спаѓа во зоната под надзор и таму не се врши депопулација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?