Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трајковски: Нема компромис со трговците кои ќе ги доведуваат потрошувачите во заблуда и нивните објекти ќе бидат затворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трајковски: Нема компромис со трговците кои ќе ги доведуваат потрошувачите во заблуда и нивните објекти ќе бидат затворени
Агровести

Трајковски: Нема компромис со трговците кои ќе ги доведуваат потрошувачите во заблуда и нивните објекти ќе бидат затворени

Објавено 27/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Зголемен број на контролите во сите трговски објекти низ земјава и пломба на врата за оние трговци кои ќе ги доведат во заблуда потрошувачите, најави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски во одговорот на новинарско прашање во врска со исходот од спроведените контроли и изречени санкции.

– Исто како и изминативе денови сите инспектори се на терен и ДПИ ќе го посети секое село во нашата држава, каде што има и малечки продавнички, бидејќи до нас стигаат пријави од граѓаните. Големите маркети имаа толеранција и рок за усогласување на цените од пет денови, рече Трајковски.

Тој нагласи дека во почитувањето на мерката, големите ланци на маркети ги исправиле грешките и ги применуваат одлуките на Владата за гарантирана цена. Трајковски ги пофали компаниите кои се покажале како општествено одговорни и направиле дополнителни намалувања на производи кои не се опфатени со владината одлука.

На новинарско прашање околу денешните контролите и исходот од нив, првиот човек на ДПИ потврди дека се во тек и дека се контролираат и големите маркети.

– Контролите се во тек и исходот на денешните контроли и резултати ќе ги знаеме денес подоцна или утре. Не застануваме тука. Казни ќе има и ќе се зголеми бројот на проверки и кај малите трговци и снабдувачите односно трговците на големо, бидејќи не сакаме да видиме недостиг на производи во маркетите, рече Трајковски

Тој посочи дека досега седум компании се казнети заради непочитување на одлуките на владата за намалување на цените и пет компании за непочитување на Законот за потрошувачи, односно за спроведување нечесни трговски практики и најави доследно спроведување на законските обврски.

Паричните казни кои им беа изречени, според Трајковски се платени и тие маркетите од утре ќе може да ги отворат.

– Сакам да потенцирам дека ниту јас, ниту инспекторите нема да дозволиме, граѓанинот да биде доведен во заблуда. Станува збор за сериозни компании кои не смеат да си го дозволат тоа. Во тој дел нема да правиме компромис и ќе затвораме без селекција, подвлече Трајковски. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:заблудазатворениобјектитрајковскитрговци
Претходен напис Ограничено движење поради боево гаѓање во Пехчево
Следен напис Сончево со умерена облачност и температура до 30 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?