Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат поради нискиот водостој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат поради нискиот водостој
Агровести

Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат поради нискиот водостој

Објавено 05/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура.

„Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Министерството предупреди дека водостојот на делниците од Дунав кои немаат хидротехнички објекти изнесува околу 60 сантиметри, што е под повеќегодишниот просек за периоди на низок водостој. Во долината Вахау во Долна Австрија, пловниот канал во моментот е длабок околу два метри, додека источно од Виена длабочината на пловната траса изнесува околу 1,8 метри.

Тековниот период на низок водостој на Дунав е споредлив со претходните најзначајни години со екстремно ниско ниво на водата, 2003 и 2018 година, која беше последната година со волку рекордно низок водостој.

Обемот на транспорт на австрискиот дел од Дунав веќе бележи пад од 25,1 отсто — од 9,6 милиони тони на 7,2 милиони тони — а оваа година се очекува дополнително намалување на транспортот поради сушата и ниското ниво на реката.

„Иако нема официјални затворања на реката, оптоварувањето на пловниот пат од страна на товарните бродови би требало значително да се намали, а преминот кон железнички или друмски транспорт во овој момент би бил поекономичен“, се наведува во соопштението на австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура.

Со сливно подрачје од приближно 800.000 квадратни километри, кое се протега од Шварцвалд до Црното Море, нискиот водостој на Дунав претставува сериозен сеопфатен европски предизвик. 

МИА

Може да ви се допадне

АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Распишан повик во Грција за проект вреден над три милиони евра за зајакнување на прекуграничната соработка и заштита на Дојранското Езеро
Водата во Дојранско Езеро одлична за капење според микробиолошките индикатори
Првото натпреварување во рачно косење во Делчево собра повеќе од 20 косачи – организаторите најавуваат нова традиција
Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово
Таг:АвстријаДунавпрекинаттоварниот сообраќај
Претходен напис Сончево и многу топло
Следен напис АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?