Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тони Дуков: Останав без работа и се посветив на пчеларството, сега имам исплатлив и перспективен семеен бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Тони Дуков: Останав без работа и се посветив на пчеларството, сега имам исплатлив и перспективен семеен бизнис
АгровестДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Тони Дуков: Останав без работа и се посветив на пчеларството, сега имам исплатлив и перспективен семеен бизнис

Објавено 08/02/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој почеток е тежок, секоја нова идеја е неизвесна во реализирањето, секој нов ден носи нови услови за живот, но кога ќе се најдете во ситуација во која егзистенцијата на вашето семејство е во прашање, тогаш изборот е еден – работа и желба за успех. Ако таа работа подразбира сериозно занимавање со вашето хоби, кое сте го работеле со љубов, тогаш успехот нема каде да бега.

Од страна гледано, вака изгледа почеток на семејниот бизнис на фамилијата Дукови од Велес. За ова семејство пчеларството е перспективен и исплатлив бизнис во кој учествуваат и работат заеднички сите – сопругата Валентина и нивните двајца синови.

-Првите почетоци ми беа од хоби со 2-3 пчелни семејства во 2005 година, за во 2013 година да дојдам до околу 70 пчелни семејства. Пресудно за да почнам да се занимавам со пчеларство поозбилно беше што останав без работа. Фирмата во која работев -„Тедико Супер“ се затвори и јас останав без работа. Единствената егзистенција ја гледав во пчеларството и од 2014 година се регистрирав како Индивидуален земјоделец – ја започна својата приказна Дуков.

Од тогаш до денеска бројот на пчелните семејства постојано ги зголемува и сега има околу 190 пчелни семејства.

-Еден дел се наоѓаат во село Еловец Општина Чашка, а поголемиот дел во село Подлес, Општина Градско кое е мој преоритет за пчеларење и зголемување на пчелните семејства бидеејќи село Подлес е на надморска висина од 600- 700 метри и се наоѓа под планината Клепа. Местоположбата е прекрасна, изобилува со разновидни медоносни билки , без никаква обработлива површина во околината и без никакво загадување – вели Дуков.

Пчеларството во последните години бележи нагорна линија, го прашуваме Дуков според него на што се должи тоа, дали е лесно да се биде пчелар, помага државата или невработеноста?

-Сите три наведени фактори влијаат. Не е тешко да се биде пчелар само е потребно да се има голема љубов кон природата и пчелите. Секако голема важност се финансиските средства, бидејќи има големи вложувања во опрема како што се сандаци, рамки, восок и друга опрема која е неопходна за пчеларење и за размножување на пчелните семејства. Има помош и од Државата со субвенции и програмите ИПАРД, а и дел од луѓето што остануваат без работа, а имаат некои основни познавања отпочнуваат да се занимаваат со одгледување пчели.

Исто така сакам да нагласам дека една од причините за да бидеш успешен пчелар е да имате голема подршка од семејството, јас имам големата подршка, во пчеларењето ми помагаат моите два сина и мојата сопруга повремено кога е слободна но нејзина основа задача во овој дел е маркетингот и продажбата – вели Дуков.

Медот го продаваат исклучиво од куќен праг, а произведуваат и мед во саќе, матичен млеч и прополис.

-Од оваа година имам во план да го проширам производството и на други пчелни производи како полен, перга, крем мед, креми на база на прополис…Исто така сакам да нагласам дека на Меѓународното сензорско оценување на квалитетот на медот кое се одржа во Нови Сад добивме  Сертификат за освоено второ место и сребрена медаља .

Разговаравме и за актуелниот документарен филм „Медена земја“, номиниран за Оскар, кој е одлична реклама за пчеларството но и воопшто за значењето на пчелите, неодамна прогласени за најважни суштества на планетата.

-Точно е тоа дека документарниот филм „Медена земја“ е голем успех и добра реклама за пчеларството и квалитетот на македонскиот мед. Да, пчелите се прогласени за најважни суштества на планетата, што е потврдено со Резолуцијата на Европскиопт парламент од 1 Март 2018 година, каде што е констатирано дека пчеларскиот сектор е од витално значење за ЕУ и значително допринесува за општеството : економски со околу 14,2 милијарди евра годишно и еколошки со одржување на еколошката рамнотежа и биолошкиот девирзитет , бидеејѓи 84% од растителните видови и 76% од производството на храна во Европа зависи од опрашувањето на пчелите .

Со Резолуцијата се повикува Комисијата и зедмјите-членки да обезбедат подршка на секторот за пчеларство во ЕУ преку силни политички алатки и соодветни мерки за финансирање и предлага 50% зголемување на буџетската ставка на ЕУ наменета за националните пчелни програми како важноста на секторот во целина

Македонија ги следи светските текови и неодамна тргна од употреба 8 пестициди кои се штетни за пчелите.

-Ја поздравувам мерката за тргање од употреба на 8 те пестициди кои се штетни за пчелите, а како препораки за Владата е да се заложи за поголема контрола и едукација на овоштарите во примената на заштитните средства во време на цветање на овошките како еден од главните фактори за труење и уништување на пчелите.

Како член на Националната федерација на фармери и член во подсекторската група за мед во Министерството за земјоделство и шумарство имаме препораки до Владата кои и се поднесени на еден од состаноците на подсекторската група како што се:

-Од страна на пчеларите беше побарано да се направи намалување на стапката на ДДВ на пчеларска опрема од  18 % на 5% – беше разговарано да се намали минимумот  за добивање на субвенции од 35 на 10 семејства, затоа што со тоа ќе се стимулираат младите пчелари кои почнуваат да се занимаваат со оваа дејност, исто така и да се зголеми износот на субвенциите по пчелно семејство – вели Дуков.

На прашањето дали зема редовно субвенции и дали има користено некоја друга мерка од Владата, Дуков вели дека субвенци зема редовно а сеуште нема алицирано за ИПАРД:

-Да, субвенции зимам редовно , а други мерки од Владата не сум користел. Мое мислење е дека ИПАРДОТ е добар како мерка, меѓутоа мислам дека треба да се скрати времетраењето на аплицирање и повратот на средствата од државата кое според мене е предолго – сугерира Дуков.

Мерките кои се носат од Владата се секогаш во соработка и препорака на земјоделските производители кои активно учествуваат во креирањето и реализирањето на истите. Но главниот фактор за успех е сепак земјоделецот – неговата работа, креативност, желба за успех и добра организираност, како во едно пчелно семејство.

Телефон за контакт: 078 300- 612 и 078 375- 208

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Невработените од земјава, посебно младите до 29 години најдоцна до утре можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување и започнување сопствен бизнис
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Таг:бизнисВалентинаМедена земјапчеласртвосемеенТони Дуков
Претходен напис Времето сончево, со студени утра
Следен напис Николовски: Да го негуваме нашиот епитет – Honeyland !
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?