Едно мексиканско земјоделско семејство вложило сѐ во образованието на нивната ќерка Џенифер. За возврат, кога дипломирала, Џенифер им оддала почит на најубав начин и докажала дека е способна да ги надмине животните предизвици.
Родителите на Џенифер Рош дошле од Мексико во САД и никогаш не добиле шанса да го остварат својот сон и да добијат факултетско образование бидејќи морале да работат за да го прехранат семејството и да им овозможат нормален живот на ќерките. Затоа одлучиле нивната ќерка да ја сфати важноста на образованието.
-Лекцијата на татко ми за нас, неговите три девојчиња беше: „Ако немате високо образование, тука ќе завршите цел живот.“, се присетува Џенифер.
„Татко ми одлучи да ме земе да работам на нива кога бев прва година во средно училиште. Тој ќе ме земеше од тренинг во 14-15 часот попладне, па ќе одевме дома, ќе касневме нешто и ќе се преслечевме. Потоа одевме да садиме јаготки цела вечер до 2-3 часот наутро. Потоа ќе се вратевме, ќе се истуширавме, ќе поспиевме и се будевме во 5:30 или 6 часот за да се подготвам за на училиште и да го фатам училишниот автобус кој не смеев да го пропуштам“, раскажува младата девојка, која по часовите тренирала атлетика.
Тие работеле како земјоделци, а Џенифер им помагала. По завршување на часовите таа секогаш брзала дома да им помогне на своите родители на нивата. Завршувале доцна во ноќта, Џенифер спиела само два до три часа, но сфатила колку почит заслужуваат нејзините родители.
„Им се восхитував на земјоделците, бидејќи тие продолжуваа да работат и покрај болките во грбот, додека мувите, комарците и бубачките им лазеа по лицето и им влегуваа во очите. Никој не знае што се случува зад зеленчукот што го купувате во продавница. Но, зад него, некој си го превиткува грбот секој ден работејќи во нива“ – додава таа.
Нејзиното семејство не можело да ѝ овозможи да живее во студентски дом, па затоа Џенифер морала да се снаоѓа со студиите, двете работни места и работата на нивата со мајка ѝ и татко ѝ.
„Многупати сакав да се откажам, но моите родители и нивните совети беа причината да продолжам“, рече оваа млада девојка.
Откако Џенифер дипломирала, на прекрасен начин им оддала почит за трудот и грижливоста на нејзините родители. Се фотографирла на нивата каде што пораснала и работела, а нејзините фотографии станаа вирални.
Преку емотивните фотографии таа порачува дека напорната работа секогаш се исплаќа и дека луѓето не треба да забораваат од каде доаѓаат.
„Сакав да се вратам назад на нивата, бидејќи тоа ме оформи како личност и ми даде причина за да се насочам кон високо образование. Тоа што доаѓав од семејство на земјоделци ме мотивираше да работам напорно“, вели Џенифер.
