Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рекордни цени на дизелот во Германија, министерот сака да воведе мерки доколку продолжи растот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Рекордни цени на дизелот во Германија, министерот сака да воведе мерки доколку продолжи растот
Агровести

Рекордни цени на дизелот во Германија, министерот сака да воведе мерки доколку продолжи растот

Објавено 18/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на дизел горивото на бензинските пумпи во Германија достигна рекордни 1,555 евра за литар, пренесува Билд.

Во националниот дневен просек во неделата, цената била 1,555 евра за литар (95,93 денари/литар), објави ADAC. Ова малку го надмина претходниот рекорд од 1,554 евра за литар, на крајот на август 2012 година.

Ниту бензинот не заостанува многу. Во неделата, се продаваше за 1,667 евра за литар (102,84 денари/литар). Тоа значи дека само 4,2 центи го делат од рекордот од септември 2012 година од 1,709 евра.

Цените на горивата се зголемуваат со месеци, а главниот двигател е зголемената побарувачка поради економското закрепнување по првите бранови на корона, што во комбинација со недоволната понуда предизвика раст на цените на нафтата.

На цената на дизелот влијаеше и данокот на СО2

Во случајот на дизелот, додава ADAC, порастот дополнително беше поттикнат од високата побарувачка за нафта за греење пред зимата, како и данокот на јаглерод диоксид од 25 евра по тон, што резултираше со дополнителна такса.

Зголемувањето на цените предизвикува и политички дебати, па министерот за транспорт во заминување Андреас Шојер неодамна повика на подготовка на ефективни контрамерки во случај на натамошно нагло зголемување на цените на енергијата и горивото.

Голем дел од цената на горивото на германските бензински пумпи ја сочинуваат даноци и такси. Во случај на дизелот, на сегашното ниво на цените тоа е околу 25 центи ДДВ, 47 центи данок и од 6 до 8 центи данок за јаглерод диоксид.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Германијадизел
Претходен напис „Тоа што доаѓав од семејство на земјоделци ме мотивираше да работам напорно“ – Како една девојка им се заблагодари на своите родители земјоделци
Следен напис (ВИДЕО) Рецепт за домашна моцарела
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?