Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тиквите на Ивица од кочанското село Тркање со обем од два метра и тежина од над 70 килограми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Тиквите на Ивица од кочанското село Тркање со обем од два метра и тежина од над 70 килограми
Растително производство

Тиквите на Ивица од кочанското село Тркање со обем од два метра и тежина од над 70 килограми

Објавено 10/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тикви со рекордна големина и тежина произведе младиот земјоделец Ивица Крстов од кочанското село Тркање. На нива со површина од околу еден декар добил производи чиј просечен обем е два метра и тежина од над 70 килограми по парче.

Наместо ориз, нивата ја засеал со тикви и други градинарски култури, со цел да обезбеди храна за потребите на семејството и на добитокот што го чува, но не се надевал на изненадувачки добар принос што ќе ги надмине очекувањата.

Од најмала возраст се занимавам со земјоделство и сточарство, што е традиција во нашето семејство. Имам 11 крави и неколку телиња, а чував и десетина свињи. Вообичаено, како и секаде во Кочанскиот регион, најмногу одгледуваме ориз, но минатата година се разочарав од ниските откупни цени и тешкиот пласман, па решив годинава, пробно на една нива, да посеам тикви, домати, грав, пипер и компири, колку за домашните потреби. Семето за тиквите го донесе брат ми од Словенија, но тоа беше вообичаено пакување какво што се продава во трговијата. Не очекував дека за само неколку месеци ќе добијам производи чија големина ги изненадија сите во семејството и во селото. Кога ги меревме, најмалата тиква тежеше околу 70 килограми и моравме двајца-тројца да ги качуваме во тракторот, истакнува Крстов за МИА.

Нивата на која го добил рекордното производство само ја изорал, ја третирал против плевели и го засеал семето од тиквите.

-Не применував никакви посебни агротехнички мерки, наѓубрив со 50 килограми мешавина од вештачко ѓубриво и една вреќа од 25 килограми со уреа на површина од 12 ара и тоа беше сè. Ниту имаше окопување или некаква хемиска заштита со хербициди и пестициди, а со оглед што бев ангажиран со другото земјоделско производство и со кравите и свињите, немав многу време да им посветам на градинарските производи. Кога отидовме да ги извадиме компирите од земја, останавме вчудовидени од големината на тиквите, кои ја прекриле целата нива, додаде Крстов.

Планирал тиквите да ги искористи како храна за свињите, но поради африканската чума превентивно му биле уништени сите грла и сега нема што да му прави на родот. Половината од нив веќе им ги подарил на соселаните, кои ги изложиле како природен украс во своите дворови.

За идната година Крстов повторно ќе засади тикви, но на поголема површина, со надеж дека рекордот ќе се повтори и ќе има доволно за производство на сточна храна.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:ивица крстовтиквитркање
Претходен напис Цената на дизелот се зголемува за 3 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскап за 2,00 ден/лит
Следен напис Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?