Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквешки вински салон” во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквешки вински салон” во Кавадарци
Агровести

„Тиквешки вински салон” во Кавадарци

Последна измена: 15/12/2019 17:24
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Тиквешки вински фестивал за првпат се одржа во Кавадарци, во организација на Здружението на семејни винарии, во соработка со Здружението на винари. На фестивалот можеа да се дегустираат производите на 16 семејни винарии кои произведуваат во домашни услови, две дестилерии, една мандра и една млекара. Изложени беа производи од грозје, како вина, ракии, вињаци, маџун, но и сирења и кашкавали.

Александар Клинчаров од Здружението на семејни винарии, изрази надеж дека настанот ќе прерасне во традиција.

Претседателот на Здружението на семејни винарии, Горан Јаковлевски посочи дека производството на вино, ракија и маџун се извршува во рамките на нивните семејства во домашните подруми.

– Овие прекрасни производи за жал не можат да се најдат во ниедна винска продавница или супермаркет, но со измените на Законот за вино кои се веќе направени и со измена на подзаконските акти и на некои правилници, нешто што очекуваме да се случи во брзо време, се надеваме дека набрзо нашите вина ќе се најдат на трпезите во нашата држава, додаде Јаковлевски.

Тој нагласи дека присутните имаат можност да го вкусат нивното производство и да се уверат во неговиот квалитет.

– Создавањето на виното е тешка и комплексна работа, треба да знаеш да одбереш точно време, да се направи добар избор на грозје, да го погодиш моментот на берба, да му посветиш посебно внимание и љубов. Ако искрено го засакате виното и тоа ќе се вљуби во вас, дециден беше Јаковлевски.

Блаже Миневски како член на винското витештво од нашата држава, додаде дека ним како производители, им е обврска да ја негуваат традицијата и да ја шират винската култура, промовирање на виното во земјава и странство.

Задоволство од настанот, изрази и Елена Богева, енолог и потпретседател на Здружението на винари.

– Наша заедничка цел е да се произведе што е можно поквалитетно вино, што е можно повеќе да се промовираме како винска земја, а сите добри домашни производители да регистрираат фамилијарни бизниси. И во иднина ќе работиме на унапредување на лозаровинарството и развој на винскиот туризам, нагласи Богева во изјава за МИА. 

Може да ви се допадне

ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Таг:Александарвински салонКлинчаровмладо винотиквешкифестивал
Претходен напис Утре во Неготино, Агротим организира инфо ден за мерката „Рурална жена“
Следен напис Информативен настан и обука за започнување на фазата планирање на распределба на земјоделско земјиште во процесот на консолидација на земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?