Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Информативен настан и обука за започнување на фазата планирање на распределба на земјоделско земјиште во процесот на консолидација на земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Информативен настан и обука за започнување на фазата планирање на распределба на земјоделско земјиште во процесот на консолидација на земјоделско земјиште
Агровести

Информативен настан и обука за започнување на фазата планирање на распределба на земјоделско земјиште во процесот на консолидација на земјоделско земјиште

Објавено 16/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Скопје, проектот финансиран од Европската унија МАИНЛАНД, кој го спроведува ФАО заедно со МЗШВ, организира информативен настан за главните партнери во проектот, како и обука за геодетски компании, по повод започнување на фазата на планирање на распределба на земјоделското земјиштето во четири консолидациони подрачја во државата – Соколарци и Спанчево во Општина Чешиново-Облешево, Логоварди и Оптичари во Општина Битола.

На настанот поздравни обраќања имаа Нефрус Челику, државен секретар при МЗШВ и Кристина Митиќ Арсова, ФАО/ Проект МАИНЛАНД.

Денешниот настан е составен од две сесии. Целта на првата сесија е да се информираат главните партнери во проектот, вклучително МЗШВ, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, Агенцијата за катастар на недвижности, Комората на овластени геодетски фирми, единиците на локалната самоуправа и организациите на земјоделци за отпочнување на нова фаза во консолидацијата на земјоделско земјиште, односно започнување на теренски активности на планирање на распределбата на земјоделското земјиштето во вкупно четири подрачја, по две од брегалничкиот и пелагонскиот регион, односно во Соколарци, Спанчево, Логоварди и Оптичари. На втората сесија, избрани геодетски компании од земјава – Гео Монд и Цветковски Консалтинг, ќе добијат обука за подготовка на планови за распределба на земјоделското земјиште со промена на граници и за различните технички барања за успешно спроведување на планирање за распределување на земјиштето во четирите консолидациони области.

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште” – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО. Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година, со очекувано продолжување од една година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:земјаконцесијаНефрусфаоЧелику
Претходен напис „Тиквешки вински салон” во Кавадарци
Следен напис Дали Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?