Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тиквешката винска приказна добива музеј на виното во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тиквешката винска приказна добива музеј на виното во Кавадарци
Агровести

Тиквешката винска приказна добива музеј на виното во Кавадарци

Објавено 08/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Pouring red wine from bottle into glass with wooden wine casks on background
Сподели
Ad imageAd image

Тиквешката винска приказна добива музеј на виното во Кавадарци. Во тек е реконструкција на поранешната винска куќа во градскиот парк, кој важи за еден од најубавите во државата. Според кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, со овој проект градот на грозјето и виното ќе се промовира во регионален центар за развој на винскиот туризам во Вардарски плански регион. Активностите се реализираат во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, кој аплицираше за финансиска поддршка до Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Вкупната сума на проектот изнесува 7.549.639 денари од кои учеството на Кавадарци е 3.096.460 денари со одлука на Советот на општината, а преостанатите 4.453.179 денари се од Бирото.

-Традицијата на винарство на овие простори е повеќевековна. Уште од времето на Римската Империја е запишано дека овде се создавале чудесно моќни вина со мирис на југот, вкус на песната и насмевките на луѓето што живеат на овие простори, за МИА вели Весела Честоева, кустос археолог и историчар на уметност при Музеј галерија Кавадарци.

Таа е ангажирана како раководител на проектот за новиот музеј, ентериерно уредување на поставката. Појаснува дека винскиот музеј ќе биде формиран како локална установа од областа на културата во Тиквешкиот регион. По својата форма тој ќе претставува специјализиран локален музеј што ќе содржи минимум една музејска збирка од значајно културно наследство, согласно Законот за заштита на културно наследство. Музејот ќе ги обединува сите музеолошки дисциплини во себе. Археолошка, етнолошка и историска. Тој ќе биде институционален носител на целокупната музејска дејност во делот на винарството, во цел регион на винските патишта.

-Голем е опусот на археолошки предмети и епиграфски споменици што зборуваат за богатата традиција на винската култура, забележани преку многубројните прикази на богот Дионис – богот на виното и баханалиите, разни пехари за пиење вино, антички садови за мешање вино, како и алати за обработка на земјата. Не случајно централната манифестација во овој регион се одбележува на верскиот празник свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и виното, нагласува Честоева.

Таа најавува дека условите за работа во новиот објект од областа на културата ќе бидат модерни, технолошко современи и приспособени за оваа дејност. Во објектот ќе има изложбена просторија за постојаната поставка (музејски дел), опремена со современа опрема според музеолошките стандарди, комерцијален дел каде ќе бидат изложени вина од винариите во Тиквешијата, со продавница за вино и сувенири и библиотека со информативни содржини.

Честоева информира, исто така, дека за нормално да функционира идниот музеј, освен што Општината издвоила пари од локалниот буџет, финансиско учество има и Министерството за култура, преку проект од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:виноВинска приказнакавадарциМузеј во КавадарциТиквеш
Претходен напис Продолжува нестабилното време – има услови за поинтензивни атмосферски процеси
Следен напис Производството на храна во услови на глобална пандемија е клучно за покренување на секторот земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?