Голем број тиквешани денеска организирано го посетија Саемот за земјоделство во Солун. Како што изјавија за МИА, целта беше да ги видат достигнувањата во агро индустријата и можностите да ги применат во сопственото производство.
– Она што ни привлече внимание беше паметна стапица за штетни инсекти. Стапицата се состои од мирис на женка што ги привлекува машките единки, а кога тие ќе влезат во стапицата на лозивиот насад, преку интернет веднаш алармира уредот што зема струја преку фотоволтаик и го информира лозарот или земјоделецот, кажувајќи му за видот на штетникот, појасни Кристина Тодорова, млад агроном и еко активист.
Посетителите на Саемот рекоа дека ова е и можност за остварување контакти, стекнување нови соработници, размена на искуства и реализирање соработка.
МИА
Напишете коментар