Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тиква од речиси 900 килограми, победи на фестивал за џиновски лубеници и тикви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Тиква од речиси 900 килограми, победи на фестивал за џиновски лубеници и тикви
МагазинСаеми и манифестации

Тиква од речиси 900 килограми, победи на фестивал за џиновски лубеници и тикви

Објавено 15/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Giant pumpkin, winner of the pumpkni contest on the autumn market
Сподели
Ad imageAd image

На фестивалот за џиновски лубеници и тикви што  се одржа годинава во Килог, Нов Јужен Велс, Австралија, победата ја однесе тиква тешка 867 кг и постави нов рекорд на јужната хемисфера, пишува abc.

“Горд сум на победникот. Среќен сум што тој учествуваше на натпреварот“, рече организаторот на фестивалот Џон Лидбетер. Тој исто така посочи дека имало помалку пријави на фестивалот поради неповолните временски услови за време на сезоната за одгледување. “Имавме топло и суво време, а подоцна стана врнежливо. Тоа воопшто не одговара на овој вид зеленчук“, напоменал Лидбетер.

Овогодинешниот победник Дејл Оливер го постави најдобриот резултат во Австралија во 2015 година со одгледување тиква тешка дури 743 килограми, а сега си постави нова рамка. “При нивното одгледување има многу што може  да се направи  и тоа со помош на режење, ѓубрење и анализа на почвата. Знаете, има многу наука во тоа“, изјавил победникот.

Минатата година, сличен ваков натпревар се одржа во Калифорнија, а победи тиквата на Тревис Џинџер, тешка 1.066 килограми. Тој дури и му даде име, по популарниот документарец на Нетфликс, Тајгер Кинг, и на својот Фејсбук профил напиша дека неговата тиква е со големина на носорог и е најтешка за 2020 година во Северна Америка.

Актуелниот светски рекорд сè уште го држи тиква со неверојатни 1.190,49 килограми, порасната од Матијас Вилемијанс во Белгија во 2016 година. Својата џиновска тиква  тој ја претставил на Европското првенство одржано во Лудвигсбург, Германија.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Австралијатиква од 900 килограмиџиновска тиква
Претходен напис Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Стража-Кичево и Велес-Прилеп, останува забраната за Маврово-Дебар
Следен напис На Германија и се заканува пад во секторот за одгледување на свињи за најмалку 10 проценти?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?