Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Теренската кампања за подобра информираност на земјоделците продолжи во Полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и мали производители од Гостивар, Тетово и Врапчиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Теренската кампања за подобра информираност на земјоделците продолжи во Полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и мали производители од Гостивар, Тетово и Врапчиште
Агровести

Теренската кампања за подобра информираност на земјоделците продолжи во Полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и мали производители од Гостивар, Тетово и Врапчиште

Објавено 23/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тимовите од МЗШВ, АФПЗРР, АПРЗ и АХВ, заедно со вработените во подрачните единици, вчера во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од полошкиот регион.

Од почетокот на месецов континуирано се одржуваат темелни информативни средби, на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Во моментов течат три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во АХВ.

Интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и потребната документација за јавните повици. Токму за таа цел, интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Во Гостивар се одржа централен настан во заедничка органзиација со ИМЕ и Швајцарската амбасада, на кој присуствуваа земјоделци и мали производители на храна од регионот, како и претставници на здруженијата Национална федерација на фармери, Алијанса Премиум и Слоу Фуд Македонија.

Карванот продолжи со посета на компаниите Монтенегро-Гостивар и месна преработувачка индустрија Карнем во село Зубовце, Општина Врапшичте, кои се корисници на ИПАРД програмата. Се остварија и средби со жени земјоделки и мали производители во село Тумчевиште и село Сараќино. Во село Лешок, остварена е средба со земјоделците од селото, на која присуствуваше и Иснириза Хелили поглавар на Полошкиот регион.

Освен средбите со земјоделци, таргет група на карванот беа и учениците средношколци од земјоделската и ветеринарсната струка од Регионалниот центар за стручно образование и наука „Моша Пијаде“ – Тетово. Министерот Николовски имаше средба со средношколци од 3 и 4 година на земјоделска и ветеринарна струка и ги информираше дека своето образование можат да го продолжат на некој од земјоделските или ветеринарнни факултети, со стипендија од 18.000 денари.

На крајот од целодневната теренска активност, одржана е средба со вработените од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ и АХВ со цел подобра информираност за текот на редовните работни активности и интересот кај земјоделците за аплицирање на активните повици за грантови до 10.000 евра.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:мзшв
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер
Следен напис Средба на производителите на свињи од Кумановско со претставници на АХВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?