Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на производителите на свињи од Кумановско со претставници на АХВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на производителите на свињи од Кумановско со претставници на АХВ
Агровести

Средба на производителите на свињи од Кумановско со претставници на АХВ

Објавено 23/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на свињи од поширокиот кумановски регионсе сретнаа со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите не отстапуваат од барањата и велат дека нема заболени животни од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во Кумановско сè уште важат мерките. Во останатите населени места во источниот дел од државата каде беа регистрирани првите случаи, преземени се сите мерки и од страна на сточарите и од Агенцијата сите потребни мерки и таму состојбата е стабилна, мерките се укинати.

Бабовски: Повторното одгледување на свињи е можно ако се подигнат стандардите во одгледувалиштата

Во Кумановско, штом се завршат мерките во две населени места ќе се ослободат сите, изјави директорот на АХВ.

Укинувањето на мерките зависи од сточарите.

– И на претходните средби истакнавме дека се работи според закон, добра волја, никако на сила, никако со примена на репресивни мерки, вели Бабовски.

Тој кажа дека има добра волја кај сточарите, вети поддршка од Агенцијата, механизација, опрема, обесштетување од државата за одземените животни по пазарни цени. На прашање дали ќе се снабди локалниот пазарот со свинско месо пред Велигден, Бабовски вели дека државава е увозно единствено независна од свежо свинско месо.

– Тука учествуваат и помалите производители и големите фарми, изјави Бабовски.

Сточарите пак велат дека ниту една свиња во месностите Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, не угинала веќе шест месеци, а во Тромеѓа три месеци.

Производителите на свињи во неколку наврати ги блокираа регионалните патишта Куманово-Скопје (стар пат) и Куманово-Свети Николе.

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:АХВкумановосвињи
Претходен напис Теренската кампања за подобра информираност на земјоделците продолжи во Полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и мали производители од Гостивар, Тетово и Врапчиште
Следен напис (ФОТО) Николовски и Бачовски во посета на „Карнем“ и „Монтенегро“ – Позитивни примери на успешни ИПАРД приказни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?